Нема производи во вашата кошничка.

Кафе наместо скапи козметички производи

Според најновите трендови во производството на скапите козметички производи што штитат од брчки и стареење, најважната состојка за убавината е кофеинот.

ДОЗНАЈТЕ ГИ ТАЈНИТЕ НА КАФЕТО

Според најновите трендови во производството на скапите козметички производи што штитат од брчки и стареење, најважната состојка за убавината е кофеинот.

Последниот дострел на козметиката во Велика Британија е модерниот серум кој содржи кофеин, а кој се покажал извонредно на тестирањата и во првите недели на употреба во пошироката популација.

Според истражувачите, серумот делува извонредно, отстранувајќи ги подуените делови околу очите и подочниците со темна кафеава боја. Неофицијално, на листата за чекање за овој производ веќе има преку 4 илјади жени од островот.

Како функционира овој серум? Кофеинот ја поттикнува циркулацијата на крвта во капиларите околу очите. Тоа за брзо време предизвикува освежување на кожата, по што таа, речиси инстантно започнува да изгледа поздраво и далеку помалку потечено.

Другите клучни состојки во серумот, меѓу кои се наоѓа и метиллактатот, ја измазнуваат кожата и даваат чувство на благо скокоткање додека серумот дејствува.

Жените што го користеле овој производ на база на кофеин, забележале видливи подобрувања на нивната кожа по само еден месец употреба, иако дел од нив претходно биле убедени дека оштетувањето на кожата е толку напредно што им е потребна козметичка операција.

Во мигов, серумот го тестираат професионални козметичари, меѓу кои и оние што работат со славните личности во Холивуд, но и голем број индивидуи низ Британија. Сите тие се презадоволни од освежување, измазнувањето и обелувањето на кожата што се постигнува со редовната употреба.

До сега не се забележани нус појави, а наскоро се најавува и онлајн продажба на производот.