Што кажува изгледот за здравјето?
Доброто здравје најчесто е отсликано со атрактивен, младешки изглед. Иако најчесто за недостатоците ги обвинувате стареењето и стресот, дел од нив всушност може да се должат на одредени здравствени проблеми. Прочитајте кои.
Брчки
Иако брчките се нешто што не може да се избегне, тие можат да бидат и ран показател на остеопороза. Колку се погусти, толку е поголем ризикот за намалување на густината на коските. Потечени стапала
Одеднаш чевлите ве стегаат? Голем број здравствени проблеми можат да бидат причинител на потечените стапала. На пример, исчашувања, истегнати мускули, повреди, инфекции и сл. Исто така, стапалата можат да потечат и поради бременост, прекумерна телесна тежина и одредени лекарства. Набори на ноктите
Ако избегнувате одење на маникир затоа што ноктите ви изгледаат ужасно, можеби треба да посетите лекар. Ако ноктите имаат набори, се деформирани или се појави разнобојност (жолтеникаво-кафеави места), тоа може да укажува на посериозни проблеми со здравјето: псоријаза, воспаление на зглобовите и косопад. Потемнети делови на кожата
На прв поглед, потемнетите делови на кожата можеби изгледаат како добра причина темелно да се избањате, но вусшност, појавата на потемнети и здебелени делови на кожата може да укажува на многу сериозна здравствена состојба. Луѓето со отпорност кон инсулин, прекумерна телесна тежина или во поретки случаи, рак, често добиваат потемнети делови на кожата. Ништо не е дефинитивно, но секако треба да отидете на преглед. Опаѓање на косата
Се ужаснувате кога од кадата ќе соберете цело купче влакна? Причините за опаѓање на косата можат да бидат: стрес, лекарства, хормонални нарушувања, бременост или одредени заболувања. Особено кај жените, сувата и истенчена коса може да претставува знак за недоволно или премногу активна тироидна жлезда. Напукнати усни
Усните можат да кажат многу за вашето здравје. Испуканите и суви усни можеби се должат на терапија со лекарства или пак да претставуваат симптом на алергија, инфекција или некоја друга состојба.