Нема производи во вашата кошничка.

Избегнете ги грешките во бенч вежбите

Сите мажи сакаат да кренат што е можно поголема тежина на бенч – тоа е врвниот мачо дострел во теретаната. Но, нема да постигнете ништо доколку погрешно ги изведувате вежбите и наместо да станувате посилни, со текот на времето се чувствувате сè полошо и полошо.

Сите мажи сакаат да кренат што е можно поголема тежина на бенч – тоа е врвниот мачо дострел во теретаната. Но, нема да постигнете ништо доколку погрешно ги изведувате вежбите и наместо да станувате посилни, со текот на времето се чувствувате сè полошо и полошо.

Дигањето тегови на бенч не е само вежба за гради

Многумина не сфаќаат дека за да ја подигнете тежината на бенч, потребни Ви се речиси сите мускули во телото. Треба цврсто да ја фатите шипката, да ги стегнете сите мускули од јадрото, а со колковите ги туркате нозете кон подлогата, за да се стабилизирате.

Исто така, потребни се трицепсите, грбните мускули и рамената за што поуспешно подигнување. Доколку некој Ве погледне одозгора и лактите Ви се премногу раширени, тоа значи дека премногу ги оптоварувате рамената. Ова може да предизвика повреди на рамената. Лактите треба да бидат под агол од 45 степени од торзото при подигнувањето.

Не заборавајте на склековите!

Откако ќе почнат да вежбаат на бенч, многумина престануваат да прават склекови. Но, за разлика од бенчот, кадешто грбот Ви е фиксиран на подлогата, а тежината ја отфрлате нагоре, склековите следат многу поприродно телесно движење. Склековите се одговорни за правилниот развој на горниот дел од грбот и рамената.

Исто така, склековите се одлична вежба за мускулите од јадрото, затоа што кога ги изведувате, сте во положбата за правење „штици“ и тие мускули го стабилизираат јадрото. Ако редовно и правилно правите склекови, ќе се изненадите колку повеќе ќе можете да подигнете на бенч и колку ќе Ви се подобри држењето на телото. Не заборавајте дека и склековите можат да се направат потешки, со тоа што ќе имате партнер за вежбање, што ќе го зголеми отпорот.

Загрејте се!

Многумина што вежбаат на бенч, кога ќе отидат во теретана по напорен ден во канцеларија, се загреваат дигајќи ја само шипката неколку минути. Ова едноставно не е ефикасно. Мора да изведете темелно загревање, особено на мускулите од горниот дел од телото. Доколку сакате да избегнете повреди, оставете ги на страна изговорите дека немате време и посветете 10 до 15 минути на вежби за загревање.