Нема производи во вашата кошничка.

Храна што го одржува здравјето на срцето

Кардиоваскуларните заболувања се најчестата причина за смрт во светски рамки. За да не се соочите со проблеми со срцето, треба да преземете активни чекори на превенција, кои во најголема мера се поврзани со вежбањето и правилната исхрана. Ако следниве видови храна не се на вашето мени, размислете за нивно вклучување.

Кардиоваскуларните заболувања се најчестата причина за смрт во светски рамки. За да не се соочите со проблеми со срцето, треба да преземете активни чекори на превенција, кои во најголема мера се поврзани со вежбањето и правилната исхрана. Ако следниве видови храна не се на вашето мени, размислете за нивно вклучување.

1. Чоколадо

Омилениот десерт на сите генерации содржи состојки наречени флавоноиди, чија антиоксидантска активност може да го заштити срцето. Но, имајте на ум дека за поголема здравствена придобивка од чоколадото, треба да изберете вид што содржи голема концентрација на какао, т.е. преку 70%. Ако пак не сте љубител на чоколадо, тогаш започнете со пиење на какао, во чиста форма, приготвено со обезмастено млеко. На тој начин ќе внесете и калиум, минерал неопходен за регулација на крвниот притисок.

2. Црвено вино или сок од грозје

Црвеното вино содржи полифеноли, состојки кои се корисни за срцето. Сосема е здраво да внесувате по една чаша дневно, но повеќе од тоа и можеби ќе се соочите со негативни последици за срцето, поради зголемениот внес на алкохол. Ако не сакате вино или избегнувате алкохол, не грижете се. Речиси сите полифеноли од црвеното вино може да се најдат во 100% сок од грозје.

3. Путер од кикиритки

Во минатото, путерот од кикиритки се стекна со лоша репутација, бидејќи содржи голем процент на масти. Но, она што подоцна се откри е фактот дека најголем дел од тие масти се мастите корисни за срцето. Путерот од кикиритки содржи висок процент на мононезаситени масти, кои ги намалуваат воспаленијата; и низок процент на не толку здравите заситени масти.

4. Пуканки

Пуканките со многу сол, прелиени со путер, кои можете да ги намирисате секогаш кога одите во кино, дефинитивно не се здрава варијанта. Но, можете сами да си приготвите пуканки кои се здрави! Започнете редовно да пукате пуканки, супер храна која содржи голем процент растителни влакна, кои го намалуваат холестеролот во крвта. Испукајте ги по нормалната процедура, во обична кафеава кеса во микробранова печка, потоа попрскајте малку маслиново масло кое содржи здрави масти и потоа наросете малку лук во прав, за да добиете природен вкус, со низок процент на натриум, којшто нема да ви наштети на срцето.