Храна што го подобрува расположението
Не сте расположени? Ако сте како најголем дел од луѓето, тогаш при првите знаци на депресија сигурно барате утеха во храната. Доколку знаете која храна да ја одберете, таа може да стане Ваш најголем сојузник во битката со лошото расположение.
Подобрете го расположението со омилената храна
Не сте расположени? Ако сте како најголем дел од луѓето, тогаш при првите знаци на депресија сигурно барате утеха во храната. Доколку знаете која храна да ја одберете, таа може да стане Ваш најголем сојузник во битката со лошото расположение.
Омлет
Во него има многу протеини, како и витамин Б (во жолчката). Ако не сакате јајца, можете да се обидете со чисто говедско месо, житни ’ркулци, риба или пилешко месо.
Исхраната богата со Б витамините, особено Б6 и Б12, може да помогне во подобрувањето на функцијата на невротрансмитерите, преку што доаѓа до подобрување на расположението. Исто така, постои научно докажана врска помеѓу недостигот од витамин Б и депресијата.
Протеините од јајцата (но и во чистото месо), Ви помагаат подолго да останете сити и го стабилизираат нивото на шеќерот во крвта. Сите овие фактори се клучни за одржување на доброто расположение.
Јаткасти плодови и семиња
Овие прехранбени производи се важни поради магнезиумот. Него најмногу го има во: семки од тиква, сончоглед, бадеми, кикирики (но и во зелените зеленчуци и интегралните житарки).
Магнезиумот е минерал кој влијае врз излачувањето на серотонинот, хемикалија што во мозокот предизвикува пријатно чувство. Исто така, има влијание врз нивото на енергија.
Дополнително, семињата се добар извор на протеини и здрави масти. А, со оглед на тоа што се интегрална храна, тие се добра алтернатива на процесуираните ужинки, нормално, доколку одберете семиња кои не се солени или зашеќерени.
Зелен чај
Зелениот чај е важен поради амино-киселината Л-теанин. Начинот на кој ќе го конзумирате можете да го изберете сами – жежок чај, леден чај или пак комбинација од зелен чај со некој друг вкус.
Л-теанинот е амино-киселина што главно се наоѓа во листовите од чајот и докажано стимулира алфа мозочни бранови. Ова може да го подобри фокусот и да има смирувачки ефект врз телото.