Храна што ќе ви помогне во битката со настинките и грипот
Правилната исхрана е важна за човечкото здравје од повеќе аспекти, вклучително и за зајакнување на имунолошкиот систем. Ако во екот на сезоната на грипови и настинки сакате да останете здрави, тогаш подобрете си ги шансите за тоа, конзумирајќи ги правилните намирници.
Риба
Масните риби, како лосос, туна и бакалар се богати со омега-3 масни киселини, состојки што помагаат при намалување на воспаленијата во телото. Хроничните воспаленија ја попречуваат правилната работа на имунолошкиот систем, што може да придонесе за настинки, грип, но и многу посериозни болести. Лук
Чешнињата лук не се добри само за подобрување на вкусот на храната. Во лукот има алицин, сулфуреста состојка што создава моќни антиоксиданси при разградувањето. Лукот дава најдобри ефекти кога се јаде во сурова форма. Цитрусни овошја
Последните истражувања поврзани со дејството на витаминот Ц покажаа дека можеби овој витамин не е толку ефикасен во спречување настинки колку што се мислеше, но доколку организмот редовно се снабдува со исклучително важниот витамин, може да се намали времетраењето на настинката за цел ден, што ќе ви изгледа како цел живот кога ги трпите симптомите. Многу е важно да се спомне дека овој витамин е единствениот со кој не можете да се предозирате, бидејќи сѐ што организмот нема да искористи ќе биде исфрлено преку урината. Јогурт
Обично бактериите ги гледаме како нешто лошо, но во човечкиот организам постојат милијарди корисни бактерии, коишто се неопходни за правилно функционирање. Пробиотскиот јогурт ќе ви помогне да повратите дел од загубените бактерии во гастроинтестиналниот тракт, кои често се уништуваат од антибиотиците, а нивниот недостиг во телото предизвикува дисбаланс во корист на штетните бактерии. Млеко
Витаминот Д е клучен за здравјето на коските, намалување на ризикот од срцеви заболувања и зајакнување на имунолошкиот систем. Овој витамин го добиваме кога кожата доаѓа во контакт со сончевите зраци, но во зима, кога сонцето го гледаме многу ретко, потребно е да се посегне по храната што е богата со витамин Д, а тоа се млекото и млечните производи. Печурки
Речиси сите печурки кои се јадат содржат некоја форма на антиоксиданси, важни за зајакнување на одбранбениот систем на телото. Покрај тоа, содржат калиум, Б витамини и растителни влакна. Темно Чоколадо
Какаото содржи многу повеќе антиоксиданси (полифеноли) отколку најголемиот дел дудинки. Згора на тоа, содржи и многу цинк, којшто е исклучително важен минерал за балансот во организмот. Но, внимавајте да не се одлучите за темно чоколадо во кое овие позитивни ефекти се поништуваат од претераната концентрација на шеќер и млечни масти. Посегнете по варијантите на темно чоколадо во кои процентот на какао е повисок од 70.
Сончоглед
Крцкавите грицки спаѓаат во најдобрите природни извори на витамин Е, антиоксиданс што ги заштитува клеточните ѕидови и не дозволува нивно оштетување. Дневната доза витамин Е можете да ја добиете со само 100 грама сончоглед.