Најдобрата и најлошата храна за убава кожа
Малку сонце, малку вода, квалитетен дневен крем и уште поквалитетен ноќен крем, добар сон и вашата кожа ќе изгледа поубаво од кога и да нели? Тоа не мора да е вистина. Храната што ја јадете може да има големо влијание на изгледот на вашата кожа – дали би сакале да знаете која храна е добра, а која е лоша за вашата кожа?
Најдобрата храна за убава кожа
Сите знаеме дека квалитетната козметика и здравиот тен се многу важни за да имате убава кожа. Може да ја исчистите вашата кожа и да ѝ дадете природен сјај така што ќе почнете да ја вклучувате оваа храна во вашето секојдневие.
Овошје
Овошјето содржи многу витамини, минерали и други хранливи состојки кои ја потхрануваат и регенерираат кожата. Исто така содржат многу вода, која помага за исфрлање на токсините од кожата, а истовремено ја хидрира, па таа ќе изгледа помладо и поздраво. Кое овошје да го одберете? Киви, јагоди, јаболка, калинки и авокадо.
Маслиново масло
Да, маслиновото масло е одличен избор за здрава кожа. Зошто луѓето од медитеранот изгледаат толку атрактивно? Бидејќи често консумираат маслиново масло. Маслиновото масло изобилува со мононезаситени масни киселини кои прават кожата да изгледа помладо и антиоксиданти кои ги уништуваат слободните радикали. Маслиновото масло е состојка што може да ја користите во речиси секое јадење.
Црно задоволство
Дами, ова ќе ви се допадне. Црното задоволство е токму она на кое и помисливте – чоколадо. Црното чоколадо е најдобриот избор, бидејќи содржи антиоксиданти кои ги регенерираат клетките во кожата и ја подобруваат циркулацијата. Само не претерувајте, бидејќи проблемите со кожата наскоро ќе станат проблеми со килограмите.
Јајца
Кој би помислил... Јајцата се природна, совршена храна и имаат одлично влијание врз кожата. Содржат биотин – супстанца која ја спречува појавата на сува кожа. Консумирајте едно јајце на ден и нема да трошите многу пари на скапа козметика.
Лосос
Лососот е кралот на убавата кожа! Тој содржи астаксантин, супстанца за која се смета дека го забавува процесот на стареење, поради своите неверојатни карактеристики.
Најлошата храна за убава кожа
Ако сакате да имате убава кожа, тогаш треба да ја избегнувате оваа храна (или да ја консумирате во ограничени количини) ако сакате вашата кожа да биде здрава.
Слатки
За жал. Поголем дел од слатките, посебно кога се консумираат во поголеми количини негативно влијаат на убавата кожа и поради нив се појавуваат мозолчиња. Исто така го потиснуваат лачењето на колаген и еластин, кои ја прават кожата еластична и мека. Затоа слатките се добри само да го подобрат вашето расположение, не и да ја разубават вашата кожа.
Чипсови
Полни со калории и преработени јаглехидрати кои прават кожата да изгледа старо. Во една кесичка чипс има многу повеќе брчки, отколку што можете да замислите.
Млеко
Дали млекото негативно влијае на нашата кожа? Не сме 100% сигурни, но постојат повеќе теории дека пиењето млеко во големи количини може да предизвика појава на акни. Како е тоа возможно? Млекото содржи супстанци кои ја стимулираат појавата на масни жлезди во кожата, а тоа води до појава на акни и други проблеми со кожата.
Пржена храна
Секако дека пржената храна е многу вкусна, но исто така содржи многу калории и е потенцијален непријател на вашата кожа. Жешкото масло кое се користи за подготовка на пржена храна, оксидира на високи температури и заедно со мастите ги спречува циркулацијата и метаболизмот – две телесни функции кои се многу важни за здрава и негувана кожа.
Алкохол
И покрај тоа што алкохолот се користи во многу козметички производи, консумирањето на алкохол е лошо за вашата кожа. Го забрзува процесот на стареење, го дехидрира телото и ги оштетува клетките во кожата.