Што ќе ви донесе пролетта 2020?
Јарец (22. 12. – 20. 1.)
Вашата пролет накратко
% на сончеви денови: најмалку 80, ако не и повеќе
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение:црвена
Најдобар ден во неделата: Понеделник е денот за нови почетоци
Најдобра пролетна активност: тркалање во тревата
Прогноза за времето расположението
Пролетта ќе биде убава за вас. Особено, бидејќи ќе се потрудите да ја направите убава. Ќе посакувате мала (или голема, зависи од вашата преспектива) животна промена, која ќе влијае на вашето расположение. Поголем дел од времето, ќе бидете одлучни и полни со енергија, но понекогаш, ќе почуствувате страв од непознатото.
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Пролетта е најдобриот период за љубов, нели? Секако, за вас дефинитивно е. Ќе чувствувате љубов на работа, дома, во кревет и можеби и на друго место. Сигурно нема да ви биде здодевно кога станува збор за љубов. Што е одлична вест, ако не сте во врска. А ако сте, можеби ова не се добри вести, бидејќи енергијата од овогодинешната пролет може да ве однесе на места каде што не би требало да бидете...
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Малата (или голема) животна промена која ја спомнавме погоре, може да влијае и на вашата финансиска ситуација. На почеток, ќе се ограничите на тоа колку пари смеете да потрошите, но, кон крајот на пролетта најверојатно ќе бидете наградени со дополнителни пари кои можете да ги искористите за заслуженото разгалување. Само, немојте да ги истрошите сите оваа пролет, бидејќи и летото ви носи можности за трошење.
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Пролетните месеци можат да ви зголемени конфликти, на кои сте навикнати. Промените во вашиот живот несомнено ќе доведат до ова, па не можете да направите ништо за да ги спречите. Но, можете да изберете како да реагирате на овие конфликти и со тоа да влијаете на тоа колку долго тие ќе траат. Ќе се чувствувате добро во присуство на земјените знаци (бик, девица, јарец) и лошо во друштво на воздушни знаци (близнаци, вага, водолија).
Што е со здравјето?
Јадете здраво, водете активен живот и слушајте ги тие што знаат повеќе за здравјето од вас и сѐ ќе помине како што треба.
Водолија (21. 1. – 18. 2.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови: 90-95, не е воопшто лошо!
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение: жолта
Најдобар ден во неделата: наспроти сите шанси... понеделник
Најдобра пролетна активност: спортување
Прогноза за времето расположението
Ве очекува прекрасна пролет, драги водолии. Секако, ќе има моменти кога ништо нема да биде сјајно, но, повеќето од вашите пролетни денови ќе бидат добри. Дома, на работа и секаде каде што ќе го поминувате времето. И луѓето околу вас, понекогаш ќе бидат воодушевени од тоа колку е позитивно вашето гледиште кон животот. Одлично за вас, продолжете така и кога ќе заврши пролетта!
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Пролетта е најдобро време за љубов, се согласувате? Секако дека да и навистина ќе биде така за вас. Пролетните месеци, особено мај, ќе ви донесат многу љубов во сите форми и големини. Ако во моментот е сте во врска, можеби тоа значи дека конечно ќе ја доживеете таа романса за која сонувате некое време. Дури и ѕвездите не се осудуваат да претпостават колку долго ќе трае таа романса, затоа уживајте во тоа што го имате и фокусирајте се на позитивното.
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Кому му се потребни пари кога има љубови? Се надеваме дека се согласувате со оваа изјава, бидејќи пролетта не ви е наклонета кога станува збор за финансии. Ве очекуваат големи финансиски проблеми или мали пречки? Тоа зависи од вашата врска со работата. Сигурно се познавате доволно добро како и фактот дека пролетта понекогаш ве прави неефикасни на работа – обидете се да го промените тоа оваа година!
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Би требало добро да се согласувате со сите воздушни знаци оваа пролет, особено со тие родени во знакот близнаци. Сите други хороскопски знаци, ќе се однесуваат добро со вас, со исклучок на лавот и другите решителни знаци. Покажете им дека не смеат да се задеваат со вас, пред да излезат работите од контрола. Ова може да предизвика неколку мали конфликти помеѓу вас, но, подобро неколку мали отколку еден (или два) голем конфликт.
Што е со здравјето?
Генерално, вашето здравје ќе биде добро, освен за нешта кои се надвор од ваша контрола.Во овие случаи, ќе ви треба малку среќа за да останете целосно здрави. Верувате ли во тоа дека среќата ги следи тие што прават добри дела?
Риби (19. 2. – 20. 3.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови:што се важни бројките, само вие забавувајте се!
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение: портокалова
Најдобар ден во неделата: сабота, се разбира
Најдобра пролетна активност: собирање цвеќиња
Прогноза за времето расположението
Сѐ нема да оди по план, никогаш не е така, но вашето расположение ќе биде добро и покрај ова. Драги риби, сите знаеме дека нема да промените ништо доколку сте тажни. Но, можеме да ги промениме работите со тоа што ќе бидеме одлучни и позитивни, а вие ќе бидете баш такви оваа пролет.
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Ќе имате многу љубов, баш како што треба за време на пролетта. Ако веќе сте во врска, можете да очекувате многу неверојатни авантури заедно ко ќе ви овозможат да се поврзете на подлабоко ниво. Аконе сте во врска, ве очекуваат многу изненадувања. За рибите, оваа пролет ќе биде време за физички аспект на љубовта. Ова значи многу секс, кој ќе направи да заборавите на товарот од секојдневието.
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Ќе имате доволно пари за нормално живеење, но дефинитивно нема да имате премногу. Ова најверојатно значи дека поголеми инвестиции не доаѓаат во предвид. Освен ако успеете да најдете дополнителен избор на пари. Ќе бидете неефикасни на работа, без сомнеж, последица на сите искушенија кои ги носи пролетта.
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Добро се дружите со други два водени знаци (рак и скорпија), нооваа пролет ќе биде поразлична. Изворот на вашите конфликти често ќе биде различниот поглед на светот. Но, не очекувајте поголеми конфликти, само неколку мали недоразбирања. Најверојатно, најдобро ќе се забавувате со огнени знаци (овен, лав и стрелец) кои исто како вас, ќе најдат начин да бидат позитивни и за време на непријатни времиња.
Што е со здравјето?
Пролетта дефинитивно ќе ви донесе мали здравствени проблеми, но веројатно ќе траат кратко. Бидете разумни и слушајте го вашиот доктор, така ќе го намалите ризикот од сериозни здравствени проблеми.
Овен (21. 3. – 20. 4.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови: дефинитивно повеќе од 50, можеби дури повеќе
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение: зелена
Најдобар ден во неделата: сабота и недела
Најдобра пролетна активност: разгледување стари спомени
Прогноза за времето расположението
Оваа пролет нема да биде најдобрата во вашиот живот. Ќе ви донесе неколку промени, кои на почеток ќе ги сметате за голем товар, но ќе направат идните годишни времиња да бидат многу подобри. Вашето расположение ќе одговара на ова. Некогаш ќе бидете весели а некогаш единствениот збор со кој ќе го опишете вашето расположение ќе биде „гадно“.
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Се разбира дека ќе има љубов, секогаш има. Но, треба да сфатите дека љубовта не е секогаш таква каква што вие сакате да биде. Таквите очекувања можат да донесат многу недоразбирања во врската, особено на почеток напролетта, кога и на двајцата ви треба прилагодување на одредени промени. Ако во моментот не сте во врска, оваа пролет ќе ви донесете неколку можности да запознаете некој нов, но повеќето од нив ќе се претворат во пријателства. Повеќето, не значи сите.
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Бидејќи најчесто нема да бидете фокусирани на рбаотата додека работите, вашите финансии можат да ги сносат последиците, зависи каква работа работите и колку детално ве следат вашите шефови. Но, во секој случај ви препорачуваме да се посветите на работата посериозно, бидејќи некои грешки можат да ви донесат сериозни и долготрајни финансиски последици.
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Кога сте во добро расположение, ќе се согласувате добро со сите хороскопски знаци. Но, кога ќе бидете во лошо расположение, односите со различни луѓе ќе вклучуваат конфликти. Можете да очекувате многу конфликти со земјените знаци (бик, девица и јарец) бидејќи нема да се разбирате добро. Но сите конфликти ќе поминат и понекогаш ќе се претворат во вистински пријателства.
Што е со здравјето?
Здравјето нема да ви донесе проблеми оваа пролет, освен постоечките здравствени проблеми. Во секој случај бидете внимателни и грижете се за вашето здраве. Дури и во тешки времиња, ќе бидете во искушение да се претворите во личност која само јаде и седи пред телевизор.
Бик (21.4. - 20.5.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови: повеќе од доволно
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение: жолта
Најдобар ден во неделата: сабота
Најдобра пролетна активност: играње (на различни начини)
Прогноза за времето расположението
Вашето расположение би требало да биде многу добро поголем дел од пролетта, и покрај фактот дека ќе се соочите со тешки предизвици. Но, ќе ги надминете повеќето од нив со насмевка на лиците, бидејќи одамна сфативте дека лошото расположение не решава ништо. Исто така, ќе ширите добро расположение помеѓу најблиските и другите луѓе кои ќе ги сретнете по пат. Тие ќе го ценат тоа.
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Без гајле, ќе добиете доволно љубов. И романтична и од таа другата. Љубовта доаѓа во различни облици, од семејството, пријателите, странци кои ќе ги запознаете случајно и кога ќе ви биде потребна мала помош... Очекувајте многу жешки моменти во друштво на вашиот партнер. А доколку не сте во врска, многу е веројатно дека ќе запознаете некој многу интересен. Што ќе се случи потоа зависи од вас!
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Па, скоро во сите аспекти на животот ќе ви оди добро, но финансиите најверојатно ќе ви донесат проблеми. Повеќето од вашите финансиски проблеми ќе бидат поврзани со светски настани, па не можете да превземете ништо за да ги спречите.Но, можете да ги направите помали ако се подготвите предвреме. Трошете ги парите разумно и финансиите наскоро ќе ви се подобрат.
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Добро ќе се согласувате со повеќето хороскопски знаци а специјална хармонаија ќе се случи помеѓу вас и тие родени во знаците на водолија и вага. Нема да има значајни конфликти во вашата пролет, но бидете внимателни кога сте во друштво на другите два земјени знаци (девица и јарец) бидејќи тие можат да бидат натпреварувачки настроени кон вас.
Што е со здравјето?
Вашата здравствена ситуација ќе биде слична на финансиската – надворешни фактори ќе ви предизвикаат мали проблеми, но можете да ги направите помали ако се подготвите предвреме.
Близнаци (21. 5. - 20. 6.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови: 99,9
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение: било која светла боја
Најдобар ден во неделата: сите
Најдобра пролетна активност: откривање на радостите на животот
Прогноза за времето расположението
Оваа пролет може да биде најдобрата во вашиот живот. Сигурно, ќе се појават и некои проблеми и непријатности, но тие ќе бидат во сенка на сите прекрасни работи кои ќе започнат да се случуваат на почетокот на пролетта. Вашето расположение ќе биде сончево, што ќе ви овозможи да бидете ефикасни во многу области на животот. Искористете ја оваа пролет, бидејќи месеците што следат може да не бидат толку добри.
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Ќе имате многу љубов! Може и да се почуствувате дека има премногу љубов околу вас, па понекогаш ќе посакате ден или два да помнете сами. Но, освен ова, апсолутно ќе уживате во вниманието кои ќе го добивате од луѓето. Ако во моментот не сте во врска, вашиот позитивен став сигурно ќе ви помогне да запознаете некого, кој исто како вас, ужива во пролетта во целост.
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Нема да имате проблем со пари. Ова не мора да значи дека ќе имате многу пари, но значи дека ѕвездите сметаат дека ќе имате доволно за пријатен и удобен живот. Самите одлучете што значи тоа. Вашето време на работа ќе биде пријатно, дури и во времиња кога ќе имате многу да сработите. Можеби не било така во минатото, но времињата се менуваат, драги близнаци...
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Најмногу ќе уживате во друштвото на воздушните знаци (близнаци, вага, водолија) и водените знаци (рак, скорпија, риби), иако и другите ќе ви носат радост. Мала непријатност во инаку прекрасната пролет може да биде предизвикана од жена лав, но само ако и дозволите.
Што е со здравјето?
Смеењето е најдобриот лек, велат луѓето. И бидејќи вие ќе се смеете многу оваа пролет, вашето здравје ќе биде сосема добро. Но сепак, бидете активни, јадете здраво и слушајте ги луѓето кои знаат повеќе за вашето здравје од вас – за секој случај.
Рак (21. 6. – 22. 7.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови: што се важни бројките, ќе биде одлично!
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение: зелена и сина
Најдобар ден во неделата: петок
Најдобра пролетна активност: стекнување нови знаење
Прогноза за времето расположението
Ѕвездите велат дека доаѓа добра пролет, иако, најверојатно нема да биде толку интересна како некои претходни. Но, ќе има на што да се радувате, бидејќи таа ќе ви донесе многу убави моменти, правејќи го вашето расположение сончево како самата пролет. Пронајдете радост во малите нешта и ќе ја цените оваа пролет засекогаш...
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Секако, ќе бидете сакани оваа пролет, но можеби, ќе има помалку искрена романтична љубов од што би сакале вие. Ако сте во врска, ова значи дека бројните други обврски нема да ве остават да поминете време со вашиот партнер. А доколку не сте во врска, најверојатно нема д аимате многу шанси да започнете со нешто значајно. Но, семејството, пријателите и некогаш можеби и некој странец, ќе ви понудат многу љубов...
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Вашата финансиска ситуација би требало да биде прифатлива, така велат ѕвездите... Но, што значи ова поточно? Па, сигурно не значи да очекувате дека ќе се збогатите, ниту пак да имате поголеми потешкотии. Ќе имате доволно пари како и досега. Сепак, можни се проблеми на работа, бидејќи вашите надредени можат да бидат нерасположени поради нивните финансиски проблеми.
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Како и обично, ќе се сложувате одлично со пријатни, грижливи и фини луѓе без разлика на нивните хорскопски знаци. Но, особено ќе уживате во друшството на водените знаци (рак, скорпија, риби). Најлошото друштво оваа пролет за вас ќе бидат огнените знаци (овен, лав, стрелец). Не значи дека ќе има конфликти помеѓу вас, туку поради тоа што ќе ве нервираат со нивните посебни гледишта на светот.
Што е со здравјето?
Вашето здравје ќе биде во ред – во границите на нормалното, се разбира. Моменталната глобана ситуација може да донесе извесни здравствени проблеми, секако. Почитувајте ги препораките на вашиот лекар и на вашето тело и брзо ќе се чувствувате подобро.
Лав (23. 7. – 22. 8.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови: 50-70
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение: бела
Најдобар ден во неделата: понеделник
Најдобра спортска активност: работа
Прогноза за времето расположението
Оваа пролет ќе ви донесе нешто лошо и нешто добро во вашиот живот. За ваша среќа, вашето расположение ќе го рефлектира доброто во вашиот живот. Поголем дел од времето, ќе бидете среќни и мотивирани да го направите добар својот живот и животот на луѓето кои ги сакате. Ќе имате моменти кога типичниот пролетен замор ќе завладее и ќе го донесе и чувството на тага.
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Ќе добиете многу љубов, затоа не грижете се дека пролетта ќе биде досадна. Но, за жал, ќе возвратите многу помалку љубов што може да предизвика конфликти со семејството и пријателите во втората половина на пролетта. Ако во моментот сте во сериозна врска, очекувајте немири. Ако не сте во врска, со сигурност ќе има можност за да го промените вашиот статус. Но, вистинското прашање е дали ќе сакате да ги искористите овие можности
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Очекувајте да имате проблеми со финансиите поголем дел од пролетта. Но, сигурно е дека ќе треба да ги трпите последиците од некои лоши одлуки во минатото. Ова може да биде причината поради која ќе работите понапорно од било кога, и на работа и дома. Ова ќе ве измори (физички и ментално), но ќе се исплати на долг рок.
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Може да звучи необично. Но некои од најдобрите моменти оваа пролет ќе се случат во друштво на самите вас. Покрај фактот дека обично сте дружељубива личност, во наредните месеци често ќе имате потреба да се одморите од светот. А кога ќе посакате да се дружите со други луѓе, најмногу ќе се забавувате со луѓе родени во знаците водолија, риби и близнаци. А најнезабавно ќе ви биде во друшство на вага и лав.
Што е со здравјето?
Ѕвездите се сомнително мистериозни во врска со вашето здравје. Тоа најверојатно значи дека вашата судбина е целосно во вашите раце. Живејте здраво и внимателно и вашето здравје ќе биде добро. А ако не? Кој знае...
Девица (23. 8. – 22. 9.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови: помалку од 50 ако не преземете нешто
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение: сива
Најдобар ден во неделата: петок и сабота
Најдобра пролетна активност: опуштање
Прогноза за времето расположението
Ова пролет, како и секоја друга, ќе донесе малку добро во вашиот живот и малку лошо. Но, бидејќи сѐ уште сте изморени од долгата и тешка зима, ќе се соочите со пролетните предизвици помалку ефикасно од обично. Ова значи дека вашето расположение ќе биде кисело, што ќе влијае на важните луѓе во вашиот живот.
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Вашето расположение можеби не е најдобро, но, тоа не значи дека ќе ви недостасува љубов. Напротив, љубовта на вашите најблиски ќе ви помогне да ги надминете најтешките денови. Ова, исто така, ќе ве направи поблиски со вашиот партнер и семејството. Ако не сте во врска, најверојатно ќе имате шанса да запознаете некого, но вие најверојатно нема да бидете расположени да започнете сериозна врска. Можеби после пролетта?
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Вашата финансиска ситуација изгледа ветувачки. Ова значи дека можеби ќе имате екстра пари да уживате. Но, не ги трошете сите бидејќи вашата финансиска ситуација брзо може да се влоши, особено кога ќе ги земеме во обзир моменталните настани во светот. Ве очекуваат предизвици на работа, некои ќе ве исполнат со позитивна енергија а други ќе ве натерат да посакате да најдете нова работа.
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Друштвото на луѓето кои ги сакате (партнерот, семејството, пријателите) ќе ви биде најпријатно, без разлика на нивните хороскопски знаци. Но, што е со друге луѓе? Па, најпријатно ќе ви биде во близина на другите земјени знаци (бик, девица, јарец) и најнепријатно во друштво на решителните и страствени знаци како лав и скорпија, на пример.
Што е со здравјето?
Следните неколку месеци можат да бидат тешки во однос на здравјето, за многу луѓе. Но вие, девиците, генерално ќе избегнете поголеми проблеми. Вашата внимателност, одговорност и рационалност ќе ви помогнат со ова. Бидете тоа што сте и така, ќе можете ефикасно да се изборите со здравствените проблеми кои можат да се појават.
Вага (23. 9. – 23. 10.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови: 90
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение: светло зелена
Најдобар ден во неделата: секој ден е добар ден
Најдобра пролетна активност: откривање на себеси
Прогноза за времето расположението
Драга вага, имаме добри вести за вас! Ве очекува одлична пролет, полна со прекрасни авантури, личен развој и важни животни лекции. Вашето расположение ќе одговара на ова, ќе биде сончево поголем дел од времето и понекогаш облачно и ладно. Кога ќе се случи ова второто, не заборавајте дека вашето расположение влијае и на луѓето со кои го споделувате.
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Без гајле, пролетта ќе ви донесе многу љубов. Романтична, каква што сонувавте за време осамените ноќи и таква каква што нудат пријателите и семејството кога ви е најмногу потреба. Најдобрите работи ќе се случатна почетокот на пролетта. Ако во моментот не сте во врска, постои можност да започнете нова врска оваа пролет. Колку долго ќе трае? Дури и ѕвездите не се осмелуваат да предвидат.
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Нема да имате многу пари. Но, најдоброто нешто е дека ова нема многу да ви влијае, бидејќи ќе пронајдете радост во нештата за кои не се потребни пари. А ако и другите луѓе би го имале истото размислување како и вие, светот најверојатно би бил многу посреќно место. Како и дае, парите нема да имаат важна улога за вас оваа пролет, па не се оптеретувајте премногу со проблемите на работа.
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Вашиот позитивен став ќе ви помогне да се сложувате со луѓето со кои ќе ви се спојат патиштата оваа пролет. Ќе чувствувате најмногу радост кога ќе поминувате време со луѓе родени во знаците лав, водолија и близнаци. Не би требало да имате лошо друшство оваа пролет, но доколку се најдете во такво друштво, најверојатно ќе биде околу водените знаци (рак, скорпија, риби). Бидете особено внимателни кога се справувате со скорпиите, бидејќи тие можат лесно да ве повредат, дури и без да имаат таква намера.
Што е со здравјето?
Здравјето е често проблематична работа за вас, па затоа, ви препорачуваме да бидете повеќе внимателни оваа пролет. Ако успеете, пролетта ќе помине со мали здравствени проблеми.
Скоприја (24. 10. – 22. 11.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови: дури и ѕвездите не знаат
Боја која ќе одговара на вашето пролетно расположение: црвена
Најдобар ден во неделата: вторник или четврток
Најдобра пролетна активност: тестирање на вашите граници
Прогноза за времето расположението
Вашиот живот оваа пролет ќе биде во ред. Но, ќе има моменти кога ќе полудите, заради мали и не толку мали работи. Вашето непредвидливо расположение ќе предизвика конфликти, кои (разбирливо), ќе го направат вашето расположение уште полошо. Но, ако не сакате да поминете голем дел од пролетта нерасположени, можете да го подобрите расположениете со фокусирање на работите кои се навистина важни во животот.
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Вашите најблиски, како и секогаш, ќе ви понудат многу љубов, но вашето разгалено однесување често ќе ги одалечи од вас. Ова ќе биде видливо во вашта врска, па затоа, вие и вашиот партнер ќе треба да најдете начин да поминувате време заедно без непотребни конфликти. А што можете да очекувате ако не сте во врска? Ѕвездите ви се наклонети и ќе ви овозможат да запознаете многу интересни луѓе, но вие, најверојатно нема да се впуштите во сериозна врска, бидејќи ќе бидете заинтересирани за многу други работи.
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Ќе работите многу, можеби повеќе од било кога досега, што може да резултира со подобрување на финансиската ситуација до крајот на пролетта. Би требало да имате пари за инвестирање, но инвестициите многу брзо можат да пропаднат ако не сте внимателни. Во одредени случае, може да е подобро да почекате до летото или дури есента.
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Ќе се сложувате со сите кои ќе ви ги прифатат идеите и начинот на гледање на светот. Кога ќе бидете во друштво на слични, решителни луѓе како вас (оваа пролет најчесто други скорпии), многу брзо ќе се најдете во конфликт. Пријатна девица или скорпија ќе ве изненади со тоа што ќе ви понуди помош кога најмногу ќе ви биде потребна.
Што е со здравјето?
Ќе имате многу потенцијални здравстевни проблеми во вашата околина, но најлесно ќе ги избегнете ако живеете рационално. И со малку среќа, пролетта ќе помине без најмал здравствен проблем.
Стрелец (23. 11. – 21. 12.)
Вашата пролет накратко:
% на сончеви денови: најмалку 75
Боја која ќе одговара на вашето расположение: сите бои во виножитото
Најдобар ден во неделата: сабота и недела, можеби и среда
Најдобра пролетна активност: учење
Прогноза за времето расположението
Оваа година, пролетта ќе донесе многу работи во вашиот живот. Повеќете од нив ќе бидат добри а некои лоши. Вашето расположение ќе биде вакво: најчесто сончево и понекогаш тешко за справување – за вас и за луѓето околу вас. Добро е што ќе бидете отворени за нови искуства оваа пролет.
Љубов и сѐ што доаѓа со неа
Пролетта нема да донесе многу промени за вас, особено кога станува збор за љубовта. Ова значи дека ќе добиете многу љубов и ќе возвратите со многу љубов. Понекогаш и на луѓе кои не го заслужваат тоа. Ако сте во сериозна врска, пролетта ќе донесе многу убави моменти со вашиот партнер. А, ако не сте во врска, можете да сметате на неколку возбудливи романтични авантури. Може ли да се развие нешто значајно од нив? Ќе морате да почекате до летото за да дознаете...
Пари и сѐ што доаѓа со нив
Вашата финансиска ситуација ќе ве направи очајни, дури и гневни неколку пати оваа пролет, иако, на крај сѐ ќе се заврши добро. Можеби ќе треба да го прилагодите животот малку, но сѐ уште ќе можете да си купите сѐ што ви е потребно. Ве очекува изненадување во работата, но, почетокот нема да открие дали се работи за добро или лошо изненадување. Стискаме палци!
Најдобро (и најлошо) друштво за топлите пролетни денови
Генерално, ќе имате најдобри односи со воздушните знаци (близнаци, вага, водолија) и огнените знаци (овен, лав, стрелец). Но, интересно е да се спомне дека ќе имате најмногу проблеми кога ќе бидете во друшство на воздушните знаци. Јасно е дека тие ќе влијаат на вашата пролет, на добро или на лошо. Бидете внимателни во врска со раковите, бидејќи тие нема да ве разбираат.
Што е со здравјето?
Здравјето ќе биде непредвидливо за сите нас поради сѐ што се случува во светот. Но, можете да го намалите ризикот од здравствени проблеми со паметно однесување. Бидете свесни дека не можете целосно да ги избегнете потенцијалните здравствени проблеми, затоа не се преоптоварувајте премногу.