Како да процените дали бебето има грип или настинка
Симптомите на грип и настинка вообичаено се многу слични. Но, постојат мали нијанси кои можат да Ви откријат дали Вашето бебе има грип или настинка.
Симптомите на грип и настинка вообичаено се многу слични.
Но, постојат мали нијанси кои можат да Ви откријат дали Вашето бебе има грип или настинка. Прво што треба да се знае дека симптомите и на двете болести можат значително да варираат од случај до случај, па затоа се препорачува голема внимателност, особено затоа што се работи за бебиња. Вообичаено, грипот се манифестира со потешки симптоми, почнува ненадејно, се јавува значително зголемена телесна температура и доаѓа до телесно исцрпување на бебето. Дополнително, како и секое друго вирусно заболување, може да предизвика инфекција на уши, синуси и крајници. Кога телесната температура набебето ќе му се покачи над 38 степени и истата не можете да ја симнете со лекарства или со бањање, треба веднаш да го однесете на лекар. Исто така, време е да се упатите на лекар доколку кај бебето забележите намален апетит, одбивање течности и генерална незаинтересираност.
Бебињата на возраст до една година имаат зголемен ризик од развивање бронхитис.
Она што почнува како кашлица, може многу бргу да се претвори во раздразлива кашлица, дишењето да стане отежнато, да се намали апетитот итн. Симптомите на инфекција на белите дробови се речиси идентични со бронхитисот, па оттаму, доколку забележите ваков развој на настаните, веднаш отидете на лекар. Малку постарите деца кои знаат да Ви кажат што ги боли, кога се соочуваат со главоболка, може да се работи за воспаление на синусите. Причината може да лежи и во зголемената телесна температура, обична настинка, но и слевање на шлајм низ грлото.