Грешки во исхраната што предвреме Ве стареат
Сите очекуваат одредени физички и ментални промени со текот на годините и тие се прифаќаат како природни. Но, одредени прехранбени производи можат значително да ги забрзаат процесите на стареење.
Прочитајте ги најчестите грешки во исхраната што предвреме можат да Ве остарат
Сите очекуваат одредени физички и ментални промени со текот на годините и тие се прифаќаат како природни. Но, одредени прехранбени производи можат значително да ги забрзаат процесите на стареење. Прочитајте ги најчестите грешки во исхраната што предвреме можат да Ве остарат.
Грешка број 1 – ги избегнувате сите животински протеини
Со овој потег можеби си создавате недостиг од витаминот Б12 којшто е клучен за нивото на енергија во организмот, со што го забрзувате стареењето. Овој витамин се наоѓа само во храната од животинско потекло и е неопходен за одржување на здравјето на мозокот и нервниот систем. Хроничниот замор е класичен знак за недостиг од Б12 и најчесто се јавува кај луѓе што не внесуваат доволно животински протеини.
Доколку се соочувате со ваков недостиг, веднаш започнете да внесувате повеќе млеко или млечни производи со намалена масленост и бело месо (приближно 100 грама дневно). Ако не сакате да јадете животински производи, тогаш мора да земате додатоци со витамин Б12.
Грешка број 2 – ги избегнувате сите додатоци
Оваа грешка Ве старее затоа што најверојатно имате недостиг од манган и бакар, коишто помагаат за спречување на болките во зглобовите. Кога имате недостиг од минералите што се клучни за одржување на здравјето на зглобовите, тогаш тие многу побргу ќе се изабат. Организмот може да регенерира одреден дел од ’рскавицата во зглобовите, но за да го направи тоа, потребни се правилните сировини.
Започнете да јадете јаткасти плодови, спанаќ, но сепак нема да можете да внесете доволно за да ги задоволите сите потреби од бакар и манган. Затоа, одлучете се за додатоци на исхраната. За два до три месеци треба да почувствувате значителна промена.
Грешка број 3 – избегнувате риба и масти
Оваа грешка Ве остарува пред време затоа што рибата и здравите масти (како оние од маслинките) се најдобар извор на омега-3 масните киселини, кои спречуваат ослабување на меморијата. Но, не се важни само омега-3 масните киселини важни, туку и нивниот сооднос со омега-6 масните киселини. Преработената храна што ја јадеме е преполна со омега-6, а колку повеќе омега-6 внесуваме, толку повеќе омега-3 се потребни за одржување на рамнотежата.
Прво што треба да направите е да го намалите внесот на рафинирана и преработена храна, колку што можете повеќе. Потоа, важно е да започнете да внесувате по 100 грама лосос и 100 грама харинги или сардини неделно. Исто така уживајте во 9 до 12 бадеми, четири пати неделно.
Грешка број 4 – ѝ давате предност на пакуваната храна пред интегралната
Пакуваната храна го забрзува Вашето стареење поради фактот што е преполна со сол, којашто го зголемува крвниот притисок, додека свежите овошје и зеленчук се богати со калиум, којшто го намалува крвниот притисок. Неурамнотеженоста помеѓу натриумот и калиумот создава токсични ефекти од дополнителните количини сол. Што е уште полошо, кога бубрезите ќе се обидат да го исфрлат тој вишок, трошат уште повеќе калиум, исцрпувајќи ги сите резерви.
Намалете го внесот на натриум на максимум 1.500 милиграми дневно и јадете седум до девет порции овошје и зеленчук дневно. Ова треба да ја подобри состојбата.