Готварски трикови за секого
Подготовката на храна е забавна, но знае да биде и напорна. Ако ги знаете малите трикови на големите мајстори, тогаш сѐ ќе стане полесно.
Погледнете некои од малите трикови од големите мајстори на готвењето
Подготовката на храна е забавна, но знае да биде и напорна. Ако ги знаете малите трикови на големите мајстори, тогаш сѐ ќе стане полесно.
Како лесно да ги исчистите загорените садови?
Попрскајте го загореното дно со сода бикарбона и потоа турете малку вода, колку да се прекрие загорениот дел. Оставете го да отстои неколку часа. Чистењето потоа ќе биде многу полесно.
Како е најдобро да се скрши јајце?
Најголем дел од луѓето ги кршат јајцата на раб од чинија. Но, во тој случај, многу често, ситни парченца од лушпата завршуваат во белката, а потоа е многу тешко да ги пронајдете. За да се избегне оваа ситуација, јајцата секогаш кршете ги на мазна површина.
Како да го спречите потемнувањето на излупените компири?
Кога се подготвува голем ручек, компирите треба да се излупат порано. Но, тогаш доаѓа до нивно потемнување. За да ја зачувате природната светло жолта боја, садот во кој се наоаѓаат излупените компири наполнете го со студена вода и потоа ставете го во фрижидер. Доколку компирите се прекриени со вода, нема да потемнат.
Како штицата за сечкање да не мириса на лук?
Доколку штицата за сечкање се замирисала, едноставно попрскајте ситна сол по површината, а потоа исечете лимон на четвтринки и тријте ја со нив по целата површина.
Повремено исцедувајте по малку од сокот и продолжете со триење. По пет-шест минути триење, оставете ја да отстои, а потоа исплакнете ја и избришете ја со сува крпа.
Како да одберете сочен лимон и да го исцедите до крај?
Земете го лимонот в рака. Тој мора да биде цврст и релативно тежок според големината. Кората треба да е светло жолта, без дамки. Најсочните лимони имаат тенка кора. За да знаете кој лимон има тенка кора, барајте ги оние со помазна површина.
За да ги исцедите до крај, ставете ги на мазна површина, благо притиснете ги и стркалајте ги неколкупати, како да месите тесто. Потоа ставете ги во микробранова печка десетина секунди. На крајот исцедете ги.
Како најлесно да излупите чешне лук?
Отсечете го долниот дел од чешнето, а потоа одозгора притиснете го со рамната површина од нож (поголем од чешнето). Лушпите веднаш ќе се одделат од лукчето и лесно ќе можете да ги отстраните.
Како да ја измерите потребната количина мед?
Кога приготвувате рецепт за кој е потребен мед, многу е тешко да се одреди точното количество, затоа што тој се лепи за лажицата или шолјата со којашто мерите.
Затоа, пред да го измерите, премачкајте ја лажицата (или садот) со малку маслиново масло, за медот да може да се лизга од површината и да го искористите целото измерено количество. Доколку немате маслиново масло, потопете ја лажицата во жешка вода пред да нацрпите од медот.