Нема производи во вашата кошничка.

Гламур на секој чекор

Беверли Хилс е, всушност, мал град одбран само за среќници кои живеат во луксуз. Ова е многу атрактивен крај, чист и уреден. Градот има многу цркви, паркови, скапи продавници.

ГЛАМУР НА СЕКОЈ ЧЕКОР

Беверли Хилс е, всушност, мал град одбран само за среќници кои живеат во луксуз. Ова е многу атрактивен крај, чист и уреден. Градот има многу цркви, паркови, скапи продавници. Овде нема да најдете никаква индустрија, дури ни реклами, ниту што било друго што ќе го наруши редот. Дури немаат ни болница ниту гробишта, па од техничко гледиште, овде никој не е роден, ниту пак умрел.

Беверли Хилс не е Холивуд

Оддалечен е само неколку минути возење од Холивуд и нуди голем избор на скапи продавници, помодни локали, раскошни хотели и тоа во самиот центар. Беверли Хилс е град од резиденцијален карактер. Покрај раскошните вили може да се помине само со автомобил, бидејќи тротоари не постојат, а секое ѕиркање и разгледување привлекува внимание. Беверли Хилс е познат по тоа што полицијата на повик стигнува за помалку од 2 минути, така да градот важи за многу безбедно место.

Најскапа шопинг зона во Америка

Најпознат дел од градот е славната шопинг зона – Родео Драјв, наизглед едноставна улица, но со дрвореди од палма отстрана и дел со цвеќе на средина. Почнува на Вилшајр Булеварот на југ и се простира до Санта Моника на север, каде комерцијалниот дел од градот полека преминува во резиденцијален. Тоа се вкупно три блокови кои ја сочинуваат најскапата шопинг зона во Америка. Тука ќе најдете бутици во кои се закажува посета, а клиентите оставаат и повеќе од 100.000 долари при едно купување.

Виа Родео

Најубав и најраскошен дел на Родео драјв е најновиот соѕидан додаток – Виа Родео. Центарот оддава впечаток на две мали паралелни улици дизајнирани како да и двете се на исто ниво. Во суштина, две се кружни текови, а до аголот се доаѓа преку скалила, направени според Шпанскиот плоштад во Рим. Ова е место на кое туристите најмногу се сликаат, како доказ дека биле во Беверли Хилс.

Целиот плоштад потсетува на романтичните италијански пазарчиња, со многу фонтани, висечки цвеќиња, мали кривулести улички, најразлични архитектонски елементи споени до една целина.

Иако доста мала според просторот кој го зазема, оваа претежно шопинг и туристичка зона создава илузија на многу поголем простор, можеби токму поради раскошните излози, улицата поплочена со црн мермер или со популарното кафуле на аголот, со голема тераса.

Овде може да се сретнат најновите модели на најскапи автомобили, кабриолети и сл. Велат дека на Беверли Хилс се наоѓаат повеќе мерцедеси и ферари на квадратен метар отколку во кој било друг град во светот.

Златен триаголник

Меѓу булеварите Вилшајр и Сансет се наоѓа дел кој го нарекуваат „Златен триаголник„, познат како уште еден од комерцијалните делови на градот, со бројни ресторани и бутици. Центарот на оваа мрежа од седум мали поврзани улички е всушност самиот Родео Драјв.

Сансет булеварот е една од најпознатите улици на светот. Се протегнува од центарот на Лос Анџелес, преку Холивуд и води се до резиденцијалните авении на Беверли Хилс. Ако сте се прашувале каде се најскапите имоти во Калифорнија, ова е тоа место.

Хотел „Беверли Хилс„

Овој хотел е еден од најпознатите и воедно и најскапи. Познат е уште по густата ограда од бананови палми кои создаваат чувство како да сте на некој егзотичен остров. Фасадата на хотелот е во впечатлива розева боја, а пред него се наоѓа голем паркинг со фонтана на средина. Иако е ова еден од најлуксузните хотели на светот, вусшност е елегантно едноставен.

Гламурот на Беверли Хилс го создаваат и „ѕвездите„ кои живеат овде и кои може да се сретнат во секојдневни прошетки, во шопинг или во некој од многубројните кафулиња.