Формула за совршен појадок
Луѓето кои го започнуваат денот со празен стомак имаат 75 проценти поголеми шанси да се здебелат, отколку оние што редовно јадат појадок. Следете го овој едноставен водич за да си создадете совршен појадок.
Одредете ја порцијата
Преобилен појадок може со текот на времето да ве здебели. Оттаму, важно е да одредите колку калории ќе внесувате во првиот оброк. Целта е тоа да бидат приближно 25-30 проценти од вкупниот дневен внес, т.е. 400 доколку се обидувате да ослабете, 500 ако сакате да ја одржите или над 600 калории ако сте многу физички активни.
53% јаглехидрати
Во текот на ноќта, додека спиете, ги согорувате складираните резерви на шеќер во крвта, кој претставува основен извор на енергија во вашето тело. Јаглехидратите бргу го надополнуваат потрошеното. Нормално, треба да ги избегнете едноставните јаглехидрати (бели печива, крофни, засладени мусли) бидејќи бргу согоруваат и потоа предизвикуваат падови на шеќерот и уште позасилена желба за храна. Наместо тоа, одлучете се за сложени јаглехидрати (овес и интегрален леб), кои содржат висок процент на растителни влакна, кои го ублажуваат гладот и ви даваат одржлива енергија.
Цел: 35 до 65 грама јаглехидрати, 6 грама растителни влакна. 27% масти
Посегнете по незаситените масти кои се здрави за срцето, а кои ги има во путер од јаткасти плодови или во целите јаткасти плодови, авокадо и маслиново масло. Избегнувајте ги заситените масти во путер, сланина и полномасни сирења и кашкавали. Мастите се варат бавно, спречувајќи ги ненадејните напади на глад.
Цел: 7 до 15 грама масти. 20% протеини
Протеините прават да се чувствувате сити подолго, со тоа што предизвикуваат излачување на природните хормони што ја ублажуваат гладта, а во исто време ги потеснуваат хормоните што предизвикуваат глад. Можби ќе треба да комбинирате повеќе извори (белки од јајца, обезмастен јогурт итн.) за да добиете доволно протеини.