Фитнес хороскоп
Колку напорно и да вежбате, може да се случи сепак, да не ја постигнете целта, ако распоредот не ви е направен според вашите вистински можности. Можеби изгледа смешно, но прочитајте што кажуваат ѕвездите!
ФИТНЕС ХОРОСКОП
Колку напорно и да вежбате, може да се случи сепак, да не ја постигнете целта, ако распоредот не ви е направен според вашите вистински можности. Нa пр. ако сте друштвени по природа, нема да ви одговараат соло вежбите. Можеби изгледа смешно, но прочитајте што кажуваат ѕвездите! Проверете го вашиот фитнес хороскоп – можеби сепак, правилно вежбате или пак, ќе добиете одлична идеја за фитнес вежби.
ОВЕН : Март 21 – Април 20
На Овните обично им е судбина сè да почнуваат први. За нив важи тоа дека, ако во одбраниот клуб не практикуваат вежби што ги побарал еден Овен, тој обично закажува разговор со сопственикот на клубот. Овенот не сака да му стојат работите – сака движење и го инспирираат нови идеи. Јога и пилатес не се за него – ако му се премногу адреналинските спортови, тогаш, мускулите ќе си ги раздвижи со комбинација на вежби: во клуб, аеробик, кик-бокс, карате и сл Кај нас нпр.во последно време, во мода е сквош-интересна, динамична игра, вистинската за еден Овен!
БИК : Април 21 – Maј 21
За Биковите се вели дека се малку мрзливи за вежбање и дека тука ги оневозможува и нивната желба за добра храна и добро вино. Аро ама, со здравјето не се игра. Сепак, тие сакаат и фитнес вежбите да им бидат уживање. Затоа, за еден типичен Бик идеално е најпрвин опуштање во џакузи или масажа . Бидејќи ги карактеризира тврдоглавост, нема да ги убедите да вежбаат во сала, ако сакаат надвор. Значи, освен опуштањето со масажа, може да одберат пливање, лизгање (скејт, ролери или лизгалки) или пешачење.
БЛИЗНАЦИ : Мај 22 – Jуни 22
Како и за многу други работи во животот, и тука Близнаците може да се најдат на 2 ума. Секогаш кога ќе се почувствуваат растргнато, тоа значи дека дошло време за – јога. Бидејќи по природа се друштвени, нив им одговараат многу спортови, а идеален за нив ќе биде секој што е во согласност со психофизичките можности.
РАК : Jуни 23 – Jули 22
Ракот го бие глас на домашар. Типичниот Рак ќе биде задоволен со вежбање на справа, во домашни услови: освен фитнес велосипедите, тука може да се вклучат и вежби со скокање на јаже, како и со тегови. Бидејќи Ракот е воден знак, нему му одговараат и водени спортови како пливање, нуркање, скијање на вода или аквабик.
ЛАВ : Jули 22 – Август 23
Лавот е природно надарен за лидер и за него се најсоодветни спортови кои ќе му овозможат да ја следи оваа негова природна особина! Еден Лав одлично ќе се снајде во одбојка, ракомет, но нпр. нема да сака да вежба аеробик и сл. во група. Како и да е, Лавот не поднесува да вежба под притисок и сака сам да си го одреди темпото на вежбање. Само да не заборави кога е доста!
ДЕВИЦА : Август 24 – Септември 23
Една Девица ја краси аналитичен ум и не поднесува неред. Наместо да си постави нереална цел, Девицата прво ќе набави списание за фитнес и добро ќе го проучи пред да реши што може да ги задоволи нејзините потреби и барања. Но, читањето на списанија не спаѓа во фитнес (барем не на телото), па и се советува да поразговара со стручно лице кое ќе и ги одреди најсоодветните вежби, а потоа нејзе и останува да си направи распоред за вежбање.
ВАГА : Септември 24 – Октомври 23
Бидејќи на Вагите им треба рамнотежа, тоа значи дека нема да им одговара вежбање само на една справа, па вежбањето во фитнес клуб е идеално да испробаат повеќе различни справи. За да не ги фати досада, може да си ја разбијат монотонијата со џудо, кик-бокс или тенис.
СКОРПИЈА : Oктомври 24 – Ноември 22
Скорпиите сакаат совршенство, па ќе трпат за убавина. Напорно ќе вежбаат и тоа нема да им биде проблем, зашто нив ги краси и дисциплина. Значи, можат да вежбаат сè што ќе посакаат, само треба да имаат на ум дека не е лошо и да се олабави малку, посебно во вежбањето Секогаш има и полесен, а подеднакво ефикасен начин да се остане во форма.
СТРЕЛЕЦ : Ноември 23 – Декември 22
Стрелецот сака да доживее различни искуства и пред да се нафати за нешто, задоволство ќе му претставува и да го набљудува другиот што работи. Не е љубител на набиен распоред, па повеќе сака сам да се организира. Тоа во превод значи: вежбање на домашна справа, пешачење или јога.
ЈАРЕЦ : Декември 23 – Јануари 19
Јарецот е исклучителен индивидуалец, па вистинското нешто за него е да си го „слушне“ говорот на телото. Не му е проблем ако не е прв во нешто или некаде. Пред да почне со користење на справа, сака сè да дознае за нејзините можности и добро да го проучи упатството. Јарците не поднесуваат граници, па можат себеси да се пронајдат во екстремни спортови: банџи-скокови, планинарење по карпи, параглајдинг или пак само интензивно трчање.
ВОДОЛИЈА : Јануари 20 – Февруари 19
Вежбањето во друштво е желба на една типична Водолија. Често прифаќа нови идеи, сака најнова опрема, а промените ја возбудуваат. Водолиите се добродушни и имаат широко срце, па се пронаоѓаат себеси учествувајќи во еден хуманитарен маратон или нпр.кошаркарски натпревар – тогаш ем остануваат во форма, ем се чувствуваат исполнети.
РИБИ : Февруари 20 – Mарт 20
Рибите се уметнички души, па танцувањето целосно ги исполнува: салса, танго, пасо добле...забавно е, а топи калории! Понекогаш дури и се фрустрирани од тоа што се сакаат да направат, а ги кочат ограничените можности на човечкото тело. Спортови што им одговараат се тенис и голф. Оние посмирените ќе бидат задоволни со часови по јога и медитација.