Нема производи во вашата кошничка.

10 неверојатни факти кои ќе ве изненадат

Светот е неверојатен и колку повеќе учите толку повеќе сфаќате дека всушност знаете многу малку. Никогаш нема да знаете се за светот во кој живееме, но со овие неколку информации ние ќе ви помогнеме да научите малку повеќе. Дали сте подготвени?

Светот е неверојатен...

...и колку повеќе учите толку повеќе сфаќате дека всушност знаете многу малку.  Никогаш нема да знаете се за светот во кој живееме, но со овие неколку информации ние ќе ви помогнеме да научите малку повеќе. Дали сте подготвени?

1. Вашето срце создава притисок кој е доволен да се шприца млаз крв од 10 метри

Вашето срце не само што го снабдува целото тело со крв, туку е и толку моќно па може да шприца млаз крв до 10 метри.

2. Околу една третина од сопствениците на домашни миленици веруваат дека нивниот миленик може да ги чита нивните мисли

Сите разговараат со своите домашни миленици и нема ништо лошо во тоа, но доколку верувате дека тие ги читаат вашите мисли, тогаш грешите.

3. Една петина од луѓето кои се дел од сајтовите за запознавање се веќе во брак

Не е лоша идејата да се обидете да ја најдете вистинската љубов онлајн, но најголем дел од истражувањата покажале дека голем број од оние кои го прават тоа се веќе во брак.

4. Apple заработува околу 300000 американски долари во минута

Дали имате iPod, iPad или iPhone? Тогаш вие сте една од причините за неверојатно високата заработка на Apple.     

5. Човечкиот мозок е 75 проценти вода

Оној дел од вашето тело кој во основа контролира се и ве прави да бидете она што сте, е во најголем дел составен од вода.   

6. Електричната столица е изум на стоматолог

Мразите да одите на стоматолог? Еве уште една причина за плашење од овие луѓе. Човекот кој ја создал смртоносната електрична столица бил стоматолог. 

7. Ние се раѓаме со 300 коски, но умираме со 206

Каде исчезнуваат коските? Не грижете се, работата е во тоа што на почетокот некои коски се поделени на неколку дела, и како растеме тие се спојуваат во една коска.

8. Секогаш кога ќе излижете поштенска марка, косумирате една десетина калорија

Иако ова изгледа неверојатно сепак е точно. Но количината на калории е незначителна и никако не може да влијае на вашето здравје.

9. Златниот Олимписки медал содржи 90% сребро

Златниот Олимписки медал не е направен од злато, туку најголем дел од него е направен од сребро.

10. Просечниот човек поминува шест месеци од неговиот живот чекајќи го зеленото светло

Дали поминувате многу време во автомобил? Некои истражувања покажаа дека просечниот човек поминува 6 месеци од својот живот во автомобил, на семафор, чекајќи да се запали зелено светло.