Нема производи во вашата кошничка.

Интересни факти за Меѓународниот ден на жената

Подготвени ли сте да станете дел од овогодишната прослава на женскиот род? Еве неколку интересни факти за овој специјален ден и воопшто за жените.

Подготвени ли сте да станете дел од овогодишната прослава на женскиот род? Еве неколку интересни факти за овој специјален ден и воопшто за жените.

Факт 1: Да почнеме полека

Знаете ли кој е Меѓународниот ден на жената? Одговорот е 8-ми март – денот на кој убаво е да покажете љубов и почит кон сите жени во вашиот живот.

Факт 2: Првиот Меѓународен ден на жената

Овој ден се прославува повеќе од 100 години. Првата прослава посветена на жените се случила во 1908 година во САД, но на меѓународно ниво овој ден за прв пат се прославил две години подоцна, во 1911 година, во голем број на градови во тогашната Австро-Унгарија.

Факт 3: Дата

Знаевте ли дека Меѓународниот ден на жената за прв пат бил одбележан на 19-ти март? 8-ми март за прв пат бил празнуван во 1914 година, на почетокот на Првата Светска Војна.

Факт 4: Подароци

Цвеќето и чоколадите се најпопуларните подароци за овој ден. Ова се однесува најмногу за земјите во Европа; останатите земји во светот имаат свои обичаи поврзани со овој посебен ден.

Факт 5: Празник

Во 28 земји во светот 8-ми март е државен празник.

Факт 6: 8-ми март е ден само на жените

Во некои земји овој ден е државен празник само за жените. Вакви примери се Кина, Мадагаскар и Непал. За мажите во овие земји, ова е работен ден.

Факт 7: Теми

Секоја година Меѓународниот ден на жената има специјална тема. Оваа година Обединетите Нации се одлучија за темата “Инспирација за промени“. Звучи фантастично, нели?

Факт 8: Жени наспроти мажи

Жените се многу позначајни од мажите, затоа што во светот има помалку жени отколку мажи. Разликата не е многу голема – на секои 100 жени има 101 маж. Ова се однесува на најголем број на земји во светот, со неколку исклучоци – во Обединетите Арапски Емирати и Катар, на пример, овој сооднос е многу поголем, додека пак во Естонија, Латвија, Литванија и Украина, жените се мнозинство.

Факт 9: Храната и жените

Според истражувањата на некои хуманитарни организации, жените произведуваат околу половина од храната во светот, но поседуваат само еден процент од обработливата површина.

Факт 10: Правото на глас на жените

Меѓународниот ден на жената не само што е прослава на нивната убавина, интелект, напорна работа и внимание, туку и на нивната историска борба за еднаквост. Нов Зеланд е првата земја во модерната ера која им го овозможила на жените правото на глас во 1893 година.