Нема производи во вашата кошничка.

Голем есенски хороскоп 2014

Есента се ближи и ни нуди многу нови почетоци и нови можности. Дали се прашувате што ќе се случува следните неколку месеци? Сакате ли да знаете што ќе се случува во вашиот љубовен живот или пак во кариерата? Прочитајте и дознајте што ви е запишано во ѕвездите оваа година …

Прочитајте и дознајте што ви е запишано во ѕвездите оваа година …

Есента се ближи и ни нуди многу нови почетоци и нови можности. Дали се прашувате што ќе се случува следните неколку месеци? Сакате ли да знаете што ќе се случува во вашиот љубовен живот или пак во кариерата?

Овен (21. 3. – 20. 4.)

Летото беше  многу динамично, па сигурно сте изморени и не се радувате што мора да се вратите во реалноста. Почетокот на есента може да биде непријатен период за вас па затоа само држете се до првичните планови.

Љубов

Доколку не го најдовте вистинскиот партнер во текот на летото, очекувајте промени на љубовен план. Следните неколку месеци во секој случај ќе ви бидат исполнети со љубов и внимание, и најверојатно сте веќе подготвени да напредувате. Можеби свадба?

Кариера

Работевте многу напорно минатите години и заслужувате успех – иако досега како да ве одбегнуваше. Сега е време вистински да уживате во резултатите од вашиот труд, но само ако сте подготвени да ги прифатите новите предизвици и храбро да се соочите со некои важни промени. 

Среќа

Среќата ќе остане со вас и следните неколку месеци, па затоа можете малку повеќе да ризикувате. Ѕвездите се на ваша страна, па очекувајте позитивен исход. 

Бик (21. 4. – 20. 5.)

Вашата иднина изгледа прекрасно оваа есен па затоа враќањето во секојдневието нема да ви биде тешко. Сепак, ќе ви треба малку време да се прилагодите по сите оние прекрасни работи кои ви се случија летово. Наскоро ќе бидете подготвени за нови авантури. 

Љубов

Веројатно воопшто не ви било лесно бидејќи љубовниот живот во последно време само ве мачи. Еве убави вести: доколку вашата врска успее да ја преживее оваа криза, бидете сигурни дека најлошото е зад вас. доколку сте сами, на повидок нема нова љубов. Не се грижете и уживајте во сите придобивки од животот.

Кариера

Време е да се подготвите за промени. Доколку сакате да се откажете од старите навики, може да постигнете неверојатни резултати. Истовремено, внимавајте и обрнете внимание на секој детаљ.

Среќа

Само трпение и позитивни мисли и среќата ќе ве послужи па ќе можете да уживате во следните неколку месеци.

Близнаци (21. 5. – 20. 6.)

Оваа есен ќе ви случуваат многу работи. Тоа за вас секако не е проблем, затоа што вие уживате кога сте зафатени и одлично ви оди да работите повеќе работи истовремено. Уживајте во ова додека трае – подоцнежните месеци ќе ви донесат проблеми во комуникацијата. 

Љубов

Доколку сте сами, бидете внимателни бидејќи можете да сретнете некоја специјална личност. Доколку сте веќе во врска, ви претстојат големи промени, но не грижете се – не се работи за прекин. Најверојатно ќе научите како да ја доживеете вашата врска на еден поинаков начин и да го запознаете партнерот во сосема друго светло.

Кариера

Без оглед на тоа дали барате работа или само сакате некој нов предизвик, сега е вистинското време тоа да го остварите. Ѕвездите ви се наклонети па затоа бидете активни и зачекорете по патот на успехот. Ризикувајте и ќе ја подобрите финансиската состојба.

Среќа

Следните неколку месеци ќе имате среќа, но сепак внимателно! Можностите ќе излезат пред вас кога најмалку ќе очекувате и многу е важно да бидете постојано подготвени.

Рак (21. 6. – 22. 7.)

Оваа есен за вас може најдобро да се опише со еден збор – хармонија. Ви следат навистина позитивни промени. Дишете длабоко и подгответе се!   

Љубов

Да бидеме искрени, на љубов план се беше одлично првиот дел од годината, сега е време работите да мируваат. Тоа мора да значи дека ќе се случи нешто лошо, едноставно потребно ќе бидете да вложите повеќе труд и се ќе биде во ред. Доколку сте сами, најверојатно тоа ќе потрае одреден период, па уживајте во слободата!

Кариера

Конечно вашиот труд почнува да се исплати, сега само ќе уживате во резултатите. Дополнително следните неколку месеци пред вас ќе се отворат и нови возбудливи можности, само останете сконцентрирани и не губете време на неважни нешта!

Среќа

Сега дефинитивно не е време да ја тестирате вашата среќа! Бидете многу повнимателни затоа што ѕвездите не се на ваша страна. 

Лав (23. 7. – 22. 8.)

Доколку летото ви било возбудливо, тогаш есента ќе биде мирна без многу настани. Можеби ви звучи здодевно, но не е така. Се ќе биде во ред и вие ќе можете да уживате во секој миг.

Љубов

Иако на љубовен план се е одлично, очекувајте компликации. Доколку сте во врска, може да дојде до нејзин прекин, по кој ќе најдете личност која многу повеќе ви одговара. На повидок е брак, па дури и принова.

Кариера

На полето на кариера, се ќе се одвива беспрекорно. Ризикувајте, зграпчете ја секоја можност и реагирајте брзо.

Среќа

Сега е вистинското време да почнете да играте игри на среќа. Ѕвездите се покрај вас да ви ја дадат потребната помош.

Девица (23. 8. – 22. 9.)

Оваа есен не очекувајте некои поголеми промени. Работите полека нос игурно ќе си дојдат на свое место.

Љубов

Сега се е возможно. Доколку сте во врска, работите можат да се влошат, но на крај исходот сепак ќе биде позитивен, па затоа не се грижете премногу. Доколку сте сами, може да наидете на вистинската личност – држете ги очите отворени во секое време!  

Кариера

Стабилност – така ќе се одвиваат работите оваа есен. Многумина ќе ја пофалат и ценат вашата работа. Искористете го ова за да напредувате!

Среќа

Се убаво што ви следи е резултат на вашиот труд, неверојатен карактер и позитивниот став. Дополнително на сето ова, среќата е на ваша страна. Ова е вистинското време уште повеќе да го подобрите вашиот живот и да направите прекрасни промени!

Вага (23. 9. – 23. 10.)

Оваа есен ќе поминувате низ период на значителни промени. Нема секогаш да биде лесно, но од сето тоа ќе излезете како подобра и посилна личност. 

Љубов

Доколку сте сами, месеците кои следат ќе бидат поволни за вас! Ќе се чувствувате привлечно и ќе запознавате многу нови луѓе. Доколку сте во врска, очекувајте промени, позитивни или негативни. Се ќе зависи од вас!  

Кариера

Летово најверојатно сте имале проблеми на работен план, но есента која доаѓа ќе ги смени работите. Нови бизнис можности, нови работни места и нови начини за подобрување на вашата финансиска состојба.

Среќа

Среќата е на ваша страна, па многу од позитивните промени кои ќе ви се случуваат воопшто нема да зависат од вас. Уживајте и не заборавајте да играте некои од игрите на среќа – никогаш не се знае!

Скорпија (24. 10. – 22. 11.)

Смирени, организирани и фокусирани – вакви ќе бидете оваа есен, иако тоа воопшто нема да личи на вас. Паметно би било да го искористите овој малку поинаков период од вашиот живот и да видите што има тој да ви понуди.

Љубов

Доколку претходните месеци вашата врска опстанала, тоа значи дека љубовта е силна и може да трае. Во спротивно, тоа е знак дека така било пишано. Во секој случај, подгответе се одредено време да бидете сами, затоа што нова љубов не ви претстои следните неколку месеци.

Кариера

Во оваа област, се уште ви претстојат некои падови и проблеми. Мора да останете будни и да ги прифатите новите предизвици. Сега не е вистинско време да барате нови можности – држете цврсто и чекајте бурата да помине. 

Среќа

Иако ѕвездите не ви се баш наклонети, тоа не значи дека работите нема да се одвиваат онака како што сте планирале. Не се ослонувајте на среќата, но трудете се многу, верувајте во себе и се ќе биде во ред!

Стрелец (23. 11. – 21. 12.)

Ви претстои многу мирен период, релаксирајте се, размислете за се што ви се случувало и за она што следи – работите во вашиот живот никогаш не мируваат!

Љубов

Не очекувајте некои големи промени, што не значи дека есента ќе биде здодевна. Ќе има многу љубов, но најверојатно работите нема да бидат ништо повеќе од флерт и кратка романса. Уживајте во слободата, затоа што тој период може да заврши многу побрзо отколку што ќе очекувате!  

Кариера

Се ќе се одвива во најдобар ред и сега е време да почнете да планирате некои промени. Одредете точно што сакате и како планирате тоа да го постигнете.   

Среќа

Оваа есен ќе биде одличен период за вас, ќе немате никаква причина да се грижите. Среќата ќе биде движечка сила на секој аспект од вашиот живот: од љубов, пари и кариера. Подгответе се за многу пријатни изненадувања.

Јарец (22. 12. – 20. 1.)

Пред вас се одлични месеци, па затоа насмевнете се и подгответе се. Се ќе се случува токму онака како што сте посакувале и се ќе биде толку едноставно. Само внимавајте да не ја изгубите контролата врз целата ситуација – секако дека не би сакале тоа да се случи. 

Љубов

Следните месеци вашиот љубовен живот ќе биде многу динамичен, па затоа прифатете ги сите покани за забави и држете ги очите и умот широко отворени – можеби ќе го запознаете вашиот нов најдобар пријател или пак љубовта на вашиот живот. Сепак, доколку сега брзо сте излегле од долга врска, голема е веројатноста подолго време да останете сами. Доколку сте се уште во врска, сега е вистинското време да размислите дали сте токму онаму каде што сакате да бидете.   

Кариера

Последниве неколку месеци не беа најповолни за вашата кариера, можеби сте останале без работа, повеќе не сакате да работите на истото место или пак сте веќе подготвени за нов предизвик. Во секој случај, следните неколку месеци ќе имате значаен скок во кариерата, па затоа концентрирајте се на позитивните промени.

Среќа

Покрај среќата која ќе ве прати оваа есен, вие ќе бидете силни и одлучни. Се е толку полесно со мала помош од ѕвездите, па затоа уживајте во среќата додека трае.  

Водолија (21. 1. – 18. 2.)

Најверојатно веќе чувствувате дека ви претстои непријатен период. Може да биде време на двоумење, многу дилеми и многу промени – но исто така, се работи за период за личен развој, обновување и запознавање на себеси. Се е во перспективата! 

Љубов

Во периодот кој следи ќе ви биде многу тешко да останете во врска и можно е да паднете во искушение да се впуштите во љубовна афера. Паметно би било да му одолеете на тоа искушение. Доколку сте веќе во таква ситуација, сега е вистинското време да ставите крај и да продолжите понатаму.

Кариера

Иако вашата работа можеби не е многу интересна, сега доаѓа период во кој ќе ви се претстават повеќе можности. Во секој случај бидете внимателни, сега не е вистинското време за големи промени. Бидете особено внимателни со парите – паметно би било да ја зголемувате заштедата.

Среќа

Ѕвездите не ви се баш наклонети оваа есен, па затоа не се препуштајте на среќата. Не ризикувајте и не земајте преголеми залаци и се ќе биде во ред.

Риби (19. 2. – 20. 3.)

Есенва ќе биде вистински тест за вашата сила и способностите – и без оглед на тоа колку лошо звучи, од оваа битка ќе излезете посилни и поодлучни. Единствено што треба да направите е да верувате во себе.

Љубов

Доколку сте веќе во врска, оваа есен е одлична можност да се префрлите на следно ниво. Размислете за заедничко живеење, свадба или принова. Доколку сте сами, врската која би ја започнале во овој период би можела да трае долго време. Следат многу промени, но на крај се ќе биде во ред.   

Кариера

Подгответе се за непријатни ситуации. Вистинската реакција и некое брзи одлуки можат да ја свртат ситуацијата во ваша полза. Останете фокусирани, ризикувајте и мислете позитивно. 

Среќа

Среќата која подолго време ве пратеше, сега ве напушта, но тоа само значи дека ќе треба повеќе да верувате во себе кога станува збор за носење одлуки. Тоа е нешто на кое често заборавате – се што ви треба е да верувате во себе и храбро да зачекорите во непознатото.