Наполнете се со енергија за работа
Понекогаш се случува да ја изгубиме енергијата. Во тие моменти многумина решението го бараат во кофеинот или во другите стимуланси кои им даваат енергија да го завршат работниот ден. За жал, кофеинот често го стимулира мозокот за само краток временски период и повторно се враќаме во првичната ситуација.
Понекогаш се случува да ја изгубиме енергијата.
Во тие моменти многумина решението го бараат во кофеинот или во другите стимуланси кои им даваат енергија да го завршат работниот ден. За жал, кофеинот често го стимулира мозокот за само краток временски период и повторно се враќаме во првичната ситуација. Како да ја вратиме енергијата за работа? Еден од најдобрите начини да ја зголемите мотивацијата е да почнете да вежбате. Вежбањето е најдобар начин да ја подобрите концентрацијата и меморијата. На овој начин ќе бидете многу попродуктивни и ќе работите многу повеќе.
Многумина ја губат енергијата бидејќи нивните тела имаат недостиг од Б витамини.
Без овој витамин вашето тело станува инертно. Почнете да пиете додатоци богати со Б витамин за да ја зголемите енергијата. Доколку ги земате витамините наутро, ќе бидете полни со енергија во текот на целиот ден бидејќи тие му помагаат на вашиот мозок да остане релаксиран и многу полесно да се справи со стресот и со тешките ситуации.
Друг начин да се мотивирате за работа е да почнете со поставување на мали цели.
Одвојте 10-15 минути да се раздвижите пред да почнете со работа, дури и ако вашата работа подразбира седење цел ден. Друга цел може да ви биде пешачење за време на паузата за ручек. Малите цели ви ја даваат мотивацијата која ви е доволна успешно да го завршите работниот ден, особено кога ќе почнете да губите енергија.
Седете правилно.
Ова е навистина важно за вашето здравје. Неправилното седење може да доведе до побрзо губење на енергијата, главоболки, вкочанетост и болки во зглобовите. Сето ова влијае на намалување на вашата ефикасност на работното место.
Во текот на денот одвојте 5 минути за вежби за правилно, длабоко дишење.
Овие паузи ќе ви помогнат да се фокусирате на работата и ќе ја зголемат вашата енергија. Исто така, задолжително користете ја сончевата енергија и свежиот воздух. Отворете ги прозорците и кренете ги ролетните. Искористете ја паузата за ручек и излезете на свеж воздух. Сонцето ви дава витамин Д кој му е потребен на телото и ја зголемува вашата енергија.
Пијте многу вода.
Додека работите се случува да пиете многу кафе или газирани пијалоци, а да ја занемарите водата која му е навистина потребна на вашиот организам. Вашето тело ги црпи течностите од дебелото црево, а тие се отровни доколку не пиете доволно вода која го прочистува. Поставете си приоритет да пиете најмалку 6 чаши вода додека сте на работа. Кога вашето тело е снабдено со доволна количина вистински течности, отровите поради кои стануваме инертни исчезнуваат.