Нема производи во вашата кошничка.

Решете го тестов и откријте го нивото на вашата емоционална интелигенција

Ако секојдневно имате работа со луѓе тогаш веќе знаете колку многу трпение и самоконтрола ви се потребни со цел да си ја завршите вашата работа. Јасно е дека успехот во оваа област бара одредеи карактеристики како: издржливост, самодоверба и самоконтрола, кои се директно поврзани со вашето ниво на емоционална интелигенција. Решете го овој тест и видете колку е големо вашето ниво.

Сите ние сме родени или со високо или со ниско ниво на емоционална интелигенција што не значи дека ова ниво нема да се зголеми за време на нашите животи.

Следните прашања ќе ви помогнат да откриете како се рангирате во рамките на специфичните компоненти на емоционалната интелигенција.

Емпатија: „Дали навистина ги слушам луѓето кога ми зборуваат во врска со нивните проблеми или само се обидувам да најдам решение? Дали овие луѓе ми веруваат?

Емотивна самодоверба: „Кога телото ми дава физички сигнали дека нешто не е како што треба, дали јас посветувам внинание на тоа и дали добивам чувство дека нешто не е сосема во ред?

Само-оствареност: „Во мојот живот, дали ги правам работите за кои чувствувам страст – на работа, дома или во општеството?“

Контрола врз импулсите: „Дали им одговарам на луѓето пред да ги завршат нивните реченици и пред да ми кажат што имале намера да ми кажат?“

Односи: „Дали сакам да се дружам со луѓето или дали гледам на тоа како на еден вид на обврска?“

Овие прашања може да ви се видат како апстрактни, како и многуте фактори кои влијаат врз мислите и однесувањето, од кои за повеќето не сме ни свесни.

Може да ви биде полесно да го процените вашето ниво на емоционална интелигенција со овие прашања:

1. Кога некој ме критикува, јас не се бранам веднаш.

2. Можам да останам смирен кога сум под притисок.

3. Можам да се соочам со препреки на мојот пат.

4.Можам да ги контролирам анксиозноста, стресот и бесот за да ги достигнам моите цели.

5. Користам критика и други реакции за напредувам.

6. Имам позитивен став.

7. Имам смисла за хумор.

8. Се обидувам да ги гледам работите од поинаква перспектива.

9. Сфаќам како моето однесување влијае врз останатите.

10. Се обидувам моите поплаки да бидат конструктивни.

11. Можам да слушам без да осудувам.

12. Немам скрупули да признаам дека сум направил грешка.

Ако сте одговориле со „да“ на повеќето од овие прашања, вие сте на вистинскиот пат.