Ефикасни совети како да се одржи пријателството
Совет 1: Бидете во тек со важните работи во нивниот живот
Се разбира, вие повеќе немате на располагање саати за да дискутирате филмови и музика додека консумирате вино, но вие ќе имате на располагање минута или две за да пратите една кратка порака и да проверите дали вашата пријателка го добила унапредувањето за која ви кажала последниот пат кога сте се виделе. Тоа ќе и покаже дека мислите на неа и дека секогаш го слушате тоа што ќе ви го каже. Ако посветувате внимание на тоа што го кажува и ако ги следите сите главни работи, тоа ќе ви помогне да го одржите пријателството.
Совет 2: Секогаш закажувајте ја следната средба пред да си кажете довидување
„Ајде да се сретнеме повторно“! И потоа вие нема да се видите во следните неколку месеци. Дали ви звучи познато? Ако тоа ви се случило и вам, ќе размислите да ја закажете следна средба пред да кажете довидување. Проверете ги календарите, одлучете се за датумот и придржувајте се кон него - до толку е едноставно!
Совет 3: Одржувајте ги сеќавањата во живот
Ако сте пријателки долго време, веројатно имате неколку заеднички луди сеќавања и само поради тоа што не правите било какви посебни работи заедно, не значи дека повеќе не сте оние луди пријателки кои правеле навистина луди работи на времето. Наскоро вашите деца ќе пораснат, вашата кариера ќе продолжи по постабилен тек и вие уште еднаш ќе имате време за авантури. До тогаш, сетете се на старите добри денови поминати заедно!
Совет 4: Заборавете на вашата гордост и јавете се први
Дали се чувствувате како единствениот кој се обидува да направи напор за почеток на разговор од време на време? Ако сте единствената која се јавува на вашата пријателка и таа никогаш не ви се јавува вам, можеби ќе бидете под искушение да запрете и да не се обидувате да и се јавувате некое време меѓутоа немојте да го правите тоа. Сетете се дека вашата пријателка можеби минува низ тежок или зафатен период, и можеби ќе биде потребно некое време вие да и се јавувате.
Совет 5: Никогаш немојте да бележите работи за тоа кој е „подобра“ пријателка од другата
Ако сте пријателки веќе долго време и ако чувствувате дека вие сте единствената која е активна во последно време, сетете се дека бележењето работи не е вистинскиот начин да го одржувате вашето пријателство. Се разбира, вие може да давате повеќе отколку што можете во моментов, но работите може бргу да се завртат и вам да ви биде потребна сета поддршка која може да ја добиете. Освен ако можеби не чувствувате дека вашата пријателка ве користи, но немојте да бележите работи туку продолжете да и давате поддршка и љубов кои и се потребни во моментот.
Совет 6: Дајте им до знаење што мислите за нив
Една пијачка заедно набрзина е понекогаш нешто што можете да го правите често. Но имајте на ум дека ако сакате пријателството да опстане, со самото тоа што и давате на пријателката до знаење дека размислувате за неа може да биде повеќе од доволно. Ако видите некоја смешна работа или интересно видео кое може да и се допадне едноставно пратете и го. Буквално ќе ви биде потребна една секунда да го направите тоа и тоа ќе и даде до знаење дека не сте заборавиле на вашето пријателство.
Совет 7: Бидете реални
Во ред е ако потајно посакувате да поминувате исто толку време како кога бевте во средно училиште, но не е во ред да очекувате ова всушност да се случи ако вашата пријателка само што се породила или само што била промовирана. Се додека вашите очекувања се реални и вие сфатите дека некои периоди од вашиот живот се едноставно поинакви од тие на останатите, на вашето пријателство ќе му оди добро.
Совет 8: Правите обични работи заедно
Вие можеби сте зафатени за да одите заедно на ручек или пијалок, но би можеле да се сретнете и да правите работи кои ионака би ги правеле заедно. На пример, можете да одите на часови по вежбање заедно и да зборувате додека се туширате и се облекувате после тоа. Можете да одите да купувате намирници од продавница заедно и да зборувате додека одите по суепрмаркетот. Или можеби можете заедно да се возите до работа и со тоа да поминете неколку скапоцени минути заедно. Вам ќе ви биде потребно некое време за да ги завршите овие работи и зошто да не го поминете тоа време со вашата пријателка правејќи ги тие работи?
Совет 9: Организирајте заеднички семејни патувања и игри
Ако главната причина поради недостатокот на време е вашето семејство можеби е време да размислувате надвор од ограничувањата. Се разбира, важно е да се помине време со вашите Спакувајте ги децата, сретнете се со вашата пријателка и нејзините деца, и заминете на планинарење, посета на базен или одете да гледате некој филм. Тоа е ситуација која е поволна за секоја страна!