Ефективно губење на килограмите
Дали ви е доста од тоа да биде постојано гладни и да одите на вежбање три до четири пати неделно, а сепак да немате долготрајни резултати кога станува збор за губењето на вишокот килограми? Причината за вашиот неуспех е можеби фактот дека вашето тело и вашиот ум не работат заедно кон остварување на истата цел. Сепак, не треба да бидете загрижени, ние ќе ви помогнеме...
Како вашето тело и ум да функционираат заедно
Дали ви е доста од тоа да биде постојано гладни и да одите на вежбање три до четири пати неделно, а сепак да немате долготрајни резултати кога станува збор за губењето на вишокот килограми? Причината за вашиот неуспех е можеби фактот дека вашето тело и вашиот ум не работат заедно кон остварување на истата цел. Сепак, не треба да бидете загрижени, ние ќе ви помогнеме...
Како функционира слабеењето?
Постојат повеќе начини за ефикасно губење на килограмите и најголем дел од нив се комбинација од диета (ограничување на внесот на калории) и напорна физичка активност (зголемување на бројот на калории кои ги трошите). Иако овие две работи се она што ви треба за да успеете, сепак вие честопати не ги остварувате плановите за да изгледате и да се чувствувате подобро – барем за подолг временски период. Зошто? Најверојатната причина е дека вашето тело и ум одбиваат да работат заедно, па затоа резултатите се краткотрајни.
Тие имаат посебни функции
Ако телото успее, но умот потфрли, тогаш настанува краткотрајно губење на килограмите. Ако умот успее, но телото не успее резултатите се повторно исти. Прашањето е какви улоги имаат телото и умот кога станува збор за губење на килограмите?
Телото
Очигледно е дека телото е одговорно за физичката активност, но исто така и за различни процеси кои треба да бидат успешни за да се постигне целта – губење на килограмите и нивно одржување.
Трошење повеќе калории од консумирање калории
Математиката е едноставна, треба да трошите повеќе калории отколку што внесувате за да создадете дефицит и да ја намалите тежината. Истражувањата покажаа дека за да изгуби еден килограм, една просечна личност треба да создаде дефицит на приближно 7500 калории. Ако вашата цел е да изгубите 1 кг. неделно, тогаш вашето тело секојдневно треба да троши 1000 калории повеќе отколку што консумирате. Едноставно е или можеби не?
Консумирање на вистинските калории
Во теорија, губењето килограми ќе биде најефикасно ако не јадеме ништо. Сепак, на нашето тело му е потребна енергија за да може да функционира, па затоа гладувањето не е решение. Вистинското прашање е каква храна му треба на нашето тело за да може да го поддржи процесот на слабеење и одговорот е едноставен – храна која ги содржи сите хранливи состојки кои му се потребни на нашето тело за да функционира соодветно, а која не содржи адитиви: протеини, есенцијални минерали и есенцијални витамини.
За да се трошат калории потребна е сила
Доколку сакате да трошите повеќе калории и да го создадете споменатиот калориски дефицит, телото мора да биде доволно силно за да издржи одредени физички активности кои се дел од процесот на слабеење. Со други зборови, на телото му се потребни мускули кои ќе можат да се справат со сите ваши активности– трчање, кревање тегови, планинарење, возење велосипед, пливање, аеробик …
Умот
Доколку телото го изработи својот дел, тоа треба да биде доволно - во теорија – за успешно слабеење. Но, тогаш телото ви нуди само краткотраен успех. Со цел да постигнете долготрајни резултати, умот треба успешно да го заврши и својот дел.
Тој дел се вика мотивација
Потењето и гладувањето се многу лесни – барем првите неколку денови или недели. Потоа станува потешко, бидејќи умот започнува да си игра со нас. Мотивацијата за да продолжите е многу важна за долготрајни резултати, па затоа мора да го тренирате вашиот ум да не бара изговори за откажување кога ќе стане тешко, туку да му даде на телото дополнителна поддршка и сила за да продолжи.
Навиките за исхрана доаѓаат од умот
Некои луѓе велат дека навиките за јадење доаѓаат од стомакот (од телото), но во реалноста умот е тој кој кажува колку и што ќе јадеме. Затоа во секој начин на исхрана е многу важно да го натерате умот да соработува за да може да телото да ја одржува телесната тежина.
Телото и умот живеат во совршена хармонија
Кога телото и умот ќе се стремат кон истата цел – намалување на килограмите - резултатите не само што ќе се случат брзо, туку и ќе бидат долготрајни. Кога умот ги има истите навики за исхрана и мотивација, тогаш телото лесно ќе го следи и ќе создаде калориски дефицит кој е потребен за губење на килограмите. Тогаш вие ќе уживате во вашето ново, послабо, поздраво и посреќно ЈАС.