Ефективна седумдневна диета
Се ближи некој голем настан, како свадба, прослава или пак сте непосредно пред заминување на одмор. Што можете да направите за седум дена? Следете ги овие 7 чекори и за една недела ќе се чувствувате полесни и ќе изгледате подобро.
Се ближи некој голем настан, како свадба, прослава или пак сте непосредно пред заминување на одмор. Што можете да направите за седум дена? Следете ги овие 7 чекори и за една недела ќе се чувствувате полесни и ќе изгледате подобро.
Недела – елиминирајте ја процесираната храна
Процесираната храна има магичен вкус и може лесно да ве заведе, а нема речиси никакви хранливи вредности. Оваа храна прави да сакате многу повеќе отколку што му е потребно на организмот. Ако не можете јасно да ги изговорите сите состојки на етикетата, заборавете на таа храна.
Понеделник – оставете го алкохолот
Не само што алкохолните пијалаци предизвикуваат дехидрација и се исклучително богати со калории, туку го отежнуваат справувањето со искушенијата поврзани со храна.
Вторник – внесете повеќе растителни влакна
Инстинктивно, сите луѓе што започнуваат диета ги отфрлаат сите извори на јаглехидрати, но тоа е погрешно, бидејќи ви се потребни растителни влакна, кои го одржуваат чувството на ситост многу подолго.
Среда – храната нека ги согори калориите
Рамномерното внесување храна во текот на денот го одржува метаболизмот на високо ниво, со што се согоруваат повеќе калории. Кога јадете огромни порции, метаболизмот забавува. Затоа, целете кон три мали оброци во текот на денот (300 до 350 калории секој) и две ужинки (по 100 до 150 калории).
Четврток – справете се со подувањето
Брокула, кромид и пиперки предизвикуваат гасови и подување на стомакот. Затоа, држете се до зеленчук и овошје со висок процент на вода – краставици, спанаќ, аспарагус, лубеница. За да ја исфрлите задржаната вода во телото, потребно ви е овошје богато со калиум, како што се бананите и портокалите.
Петок – исчистете се
Клетките задржуваат поголема количина вода кога се соочени со криза, т.е. кога не внесувате доволно течности во организмот. Пијте по два до три литри вода дневно. Пијте побавно, за водата да навлезе во крвниот систем, т.е. за да не мора да одите во тоалет на секои 5 минути.
Сабота – спријателете се со протеините
За последниот ден ви е потребен појадок богат со протеини, што ќе ви обезбеди чувство на ситост и ќе ви помогне да им одолеете на искушенијата за грицки подоцна во денот. Обидете се со омлет со зеленчук.