Нема производи во вашата кошничка.

На тераса или во градината – произведете свои домашни производи!

Градинарството е одлично хоби, чија најголема придобивка се секогаш свежите и домашни производи. Ова можете да го правите без оглед на тоа дали имате градина или само мала тераса – пролетта е одлично време за почеток!

1. Најдете го идеалното место

Прво мора да најдете место за ова ваше хоби. Без оглед дали ќе ја одберете градината или терасата, првото што треба да ги анализирате временските влијанија.

Колку е сончево местото?

Многу е важно колку часови во денот местото е на сонце. Речиси на секое растение му треба сончева светлина за да расте. Но, ние ве советуваме да се обидете да одберете место кое е најсончево – и да ја адаптирате селекцијата на растенија кон моменталната ситуација.

Што е со наводнувањето?

Ако уредувате градина, наводнувањето во многу мал процент зависи од вас – дождовите ќе бидат доволни. Сепак потребно е од време на време да проверувате дали растенијата имаат доволно вода, особено летно време.

Каква земја имате?

Доколку се одлучите да уредите градина на вашата тераса, тогаш немате многу можности – ќе мора да купите земја. Но Доколку имате двор, треба да го проверите квалитетот на земјата. Првата година можеби ќе биде најдобро да купите земја богата со вештачко ѓубриво со што ќе го гарантирате успехот на вашите градинарски производи.

Колку треба да биде голема градината?

Ви препорачуваме да почнете со мала градина, затоа што за ова хоби е потребно навистина многу време кое е тешко да се најде со нашето брзо темпо на живот.

2. Одберете ги производите кои ќе ги одгледувате

Размислете убаво за следните работи:

Што да насадите?

Најдобро е да го засадите вашето омилено овошје и зеленчук. Така ќе имате голема корист од вашата градина. За неодлучните, еве неколку растенија кои се наједноставни за одгледување: мајчина душичка, рузмарин, нане, босилек, коријандер, магдонос, пиперки, компир, кељ, ротквици, зелка, марула, домати, краставици, лук или рибизли.

Знаете ли колку простор ви е потребен за нивно одгледување?

Кога ќе ги одбирате производите кои сакате да ги одгледувате, размислете за тоа колку простор зафаќаат откако ќе пораснат и споредете го со просторот кој вие го имате на располагање за вашата градина. 

Кои растенија се соодветни за сончевата енергија која е застапена во вашата градина?

Доколку градината е изложена на сонце само неколку часа во денот, одлучете се за кељ, моркови, ротквици, магдонос, спанаќ, репка или карфиол. Ако пак изложеноста на сонце е подолга од 6 часа во денот, одлучете се за грашок, грав, зелка, брокула, краставици, тикви, пченка, црн домат, дињи, домати и пиперки.

 3. Уживајте во вашата градина

Градинарството е хоби со кое постојано нешто ќе добивате. На почетокот ќе уживате во активностите на отворено, додека растенијата растат гордо ќе го следите нивниот напредок, и на крај ќе уживате во нивниот свеж, домашен вкус.