Нема производи во вашата кошничка.

5 заповеди за диети за мажи

Кој вели дека диетите се само за жени? Правилата за здрава исхрана важат за сите. Но, точно е дека тешко можете да се снајдете во морето диети што постојат. Токму затоа треба да ги следите основните правила за ефикасно намалување на телесната тежина.

Кој вели дека диетите се само за жени?

Правилата за здрава исхрана важат за сите. Но, точно е дека тешко можете да се снајдете во морето диети што постојат. Токму затоа треба да ги следите основните правила за ефикасно намалување на телесната тежина.

1. Не купувајте рафинирани житарки и шеќери

Дури 96 проценти од мажите што успешно ја намалиле телесната тежина се откажале од овие состојки. Отсега натаму не треба да купувате: бело брашно (тип 400 и 500), засладени пијалаци, слатки и колачи и солени грицки (чипс, крекери итн.). Овие прехранбени производи не само што содржат огромна количина јаглехидрати, туку значително влијаат и врз нивото на шеќерот во крвта. Шеќерот нагло се подига, а потоа следи ненадеен пад, што води до лошо расположение и напади на глад.

2. Јадете повеќе протеини, здрави масти, храна богата со растителни влакна и интегрални житарки

Протеините даваат чувство на ситост, а корисни се и за обликување и задржување на мускулите. Мастите исто така даваат чувство на ситост, а и ги прават оброците многу повкусни. Растителните влакна го одржуваат чувството на ситост и ја забавуваат апсорбцијата на јаглехидратите во крвта – што е клучно за избегнување на чувството на хроничен замор што обично ги придружува диетите. Нормално, не заборавајте да внесувате доволно зеленчук и овошје, коишто се богати со растителни влакна, како и антиоксиданси.

3. Апсолутно никогаш не го прескокнувајте појадокот

Редовното појадување е нешто што е клучно за успешна диета. Кога го почнувате долгиот и напорен ден, неопходно е да имате гориво во организмот. Голем број студии укажуваат на тоа дека диетите се најуспешни кај луѓето што редовно појадуваат и внесуваат храна богата со протеини, со приближна енергетска вредност од 600 калории.

4. Вежбајте со тегови три пати неделно

Калориите побрзо согоруваат под тежината на теговите, а со тоа се забрзува и метаболизмот, дури и до 48 часа по тренингот. Единствен проблем е што мажите коишто се соочени со вишок телесна тежина се срамат да се појават во теретана. Создадете си место каде што ќе се чувствувате удобно (на пример гаража) и вежбајте со сопствени тегови, барем додека го отпочнете процесот на слабеење.

5. Мотивација

Оние што ја имаат ја нарекуваат факторот икс. Без неа, сите останати правила се залудни. Приказната секогаш започнува во главата, па затоа мора да бидете во правилна ментална состојба. Ако имате потешкотии, запомнете, нештата секогаш се полесни кога имате поддршка од некој пријател.