Нема производи во вашата кошничка.

Дали треба да живеете заедно со партнерот

Вселувањето во заеднички дом со партнерот е голем чекор. Така може да дојде до продлабочување и зацврстување на врската, но може да се покаже и како невозможна ситуација за еден или двајцата партнери. Како ќе знаете дека сте подготвени да го преземете ризикот?

ДАЛИ ТРЕБА ДА ЖИВЕЕТЕ ЗАЕДНО СО ПАРТНЕРОТ

Вселувањето во заеднички дом со партнерот е голем чекор. Така може да дојде до продлабочување и зацврстување на врската, но може да се покаже и како невозможна ситуација за еден или двајцата партнери. Како ќе знаете дека сте подготвени да го преземете ризикот?

Поминувате пет или повеќе ноќи неделно заедно

Ако толку многу време сте заедно, тогаш вселувањето заедно е следниот логичен чекор. Дополнително, на тој начин очекувањата ќе Ви бидат далеку пореалистични, затоа што колку повеќе сте заедно, толку помалку простор за идеализирање постои.

Заедно сте најмалку 6 месеци

На почетокот од врската, речиси сите го ставаат партнерот на пиедестал и одбиваат да ги видат неговите недостатоци. Токму затоа е важно да почекате да мине барем тој период на заслепеност, за да бидете сигурни дека сте се вљубиле во човекот, не во идејата за вљубување.

Сте биле на заеднички одмор од една недела и сте поминале одлично

Заедничките одмори се најважниот тест пред вселувањето во заеднички дом. Доколку не можете да функционирате на место каде што обврските се минимални и главниот фокус е ставен на уживањето, тогаш како ќе функционирате во дом во кој ќе морате да делите сè и ќе имате многу работа?

Кога се карате, можете да се разберете и да најдете разумно решение

Заедничкиот живот се темели на компромиси. Не постојат двајца луѓе што ќе се согласат за сите нешта. Оттаму, ако сте една од двојките што имаат повеќе несогласувања отколку заеднички ставови, можеби вселувањето во заеднички дом и не е така добра идеја.

Сакате да сте заедно колку што можете повеќе

Секако, делењето на трошоците за живеење е одличен мотив, но во никој случај не треба да биде примарен. Желбата за заедништво е тоа што треба да Ве натера да го делите домот.