Дали децата треба да држат диети?
Голем број родители се загрижени за телесната тежина на нивните деца. Иако некои деца изгледаат неухрането, најчесто грижата оди во насока на прекумерната тежина. Можеби матичниот лекар дури препорачал и диета за Вашето дете...
Искористете ги следниве идеи за да го мотивирате своето дете
Голем број родители се загрижени за телесната тежина на нивните деца. Иако некои деца изгледаат неухрането, најчесто грижата оди во насока на прекумерната тежина. Можеби матичниот лекар дури препорачал и диета за Вашето дете...
Доколку детето навистина има зголемена телесна тежина, нормално е да сакате да му помогнете да ја нормализира, за да избегне проблеми од здравствен, но и од социолошки аспект. Сепак, диетата не е правилниот начин.
Постојат огромен број здрави прехранбени производи со кои може да се намали внесот на калории, а да не се лишува детето од храна. Искористете ги следниве идеи за да го мотивирате своето дете.
Бидете позитивен пример
Погледнете ги сопствените навики на јадење и вежбање. Дали максимално добро се грижите за своето здравје? Ако тоа не е така, тогаш ќе треба да поработите на прашањето, за да му поставите позитивен пример на своето дете, како во смисла на здравата храна, така и со зголемување на физичката активност.
Подучете ги своите деца
Децата учат за нештата во животот преку набљудување. Исхраната не е исклучок од ова правило. Она што не можат да го научат од гледање, треба да им го објасните внимателно и со многу трпение. На крајот ќе имаат корист од ова.
Купувајте внимателно
Децата ќе јадат храна со многу шеќер, многу масти и секаков друг вид нездрава храна само доколку Вие ги внесете во домот. Ако купувате претежно здрава храна, тоа ќе биде на менито на Вашите деца.
Вежбајте семејно
Исхраната е само дел од проблемот со зголемената телесна тежина. Другиот дел е недоволната физичка активност. Дел од калориите што децата ги внесуваат им се потребни за растење и развивање, но добар дел треба и да потрошат.
Наместо да ги оставате целото слободно време да го минуваат пред компјутер или телевизор, излезете надвор на некоја семејна активност – возење со велосипеди, прошетка низ парк, итн.