Нема производи во вашата кошничка.

Чоколадо против стареење

Со внесување на 6 до 7 грама чоколадо дневно, можете да го забавите процесот на стареење. Придобивките од зрната какао не се до крај откриени, но од она што до сега се знае, овој зрнест плод е од непроценливо значење за здравјето на човекот.

ДОЗНАЈТЕ ГИ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЗРНАТА КАКАО

Со внесување на 6 до 7 грама чоколадо дневно, можете да го забавите процесот на стареење. Придобивките од зрната какао не се до крај откриени, но од она што до сега се знае, овој зрнест плод е од непроценливо значење за здравјето на човекот.

Во една нова студија направена во Пенсилванија, научниците направиле споредба на флавоноидите и антиоксидансите од какаото со голем број други извори, вклучително и овошјето. Процентот во какаото бил убедливо највисок.

Антиоксидансите и флавоноидите се исклучително важни супстанци бидејќи се создаваат во растенијата како заштита од повќе надворешни фактори.

Човечкиот организам нема способност за создавање вакви материи, па така единствениот начин за нивно внесување е преку исхраната.

Препорачлив начин за внесување какао во организмот е топлиот пијалак, но доколку тој не Ви се допаѓа, секогаш можете да се одлучите за чоколадо. Но, внимавајте – иако белото чоколадо го носи името, во него нема какао и следствено на тоа не ги содржи споменатите хранливи материи.

Млечните и полнетите чоколади имаат преголем процент на шеќери и додатоци што го минимизира процентот на какао. Токму затоа, најпрепорачливо е темното чоколадо, со помал процент на шеќер и висок процент на какао (од 75 проценти па нагоре).

За да се избегнат негативните здравствени импликации од шеќерот што е содржан во сите видови чоколадо, тоа треба да се конзумира во умерени количини.

Препорачаната дневна доза е од 6 до 7 грама, што е сосема доволно за постигнување на посакуваниот ефект – забавување на процесот на стареење.