Нема производи во вашата кошничка.

Погледнете во неговата чинија и дознајте каков тип на маж е

Едно старо правило во состанувањето вели дека жената која нарачува само салата секогаш пробува да симне тежина и е здодевна, додека жената која нарачува нешто посебно е најчесто себична и неодлучна. Ова секако не е вистина- но вистина е дека можеме да дознаеме многу за човек ако му погледнеме во чинијата. Дали сакате да знаете што чинијата вели за личноста за која сте заинтересирани?

Стек

Мажот кој нарачува стек е многу секси. Особено ако ви дава специфични инструкции околу тоа како го сака стекот подготвен. Освен ако не јадете месо- тогаш фактот дека ќе си ја полни устата со крваво парче месо веднаш до вас нема да ви е привлечен. Ви препорачуваме да го посетите тоалетот и да избегате по пат.

Риба

Па, изгледа како да сте ја добиле на лото. Личноста која нарачува риба е самоуверена и се чувствува добро во сопствената кожа. Тој сака добри работи и обраќа внимание на неговото здравје- но не премногу.

Паста

Еве каде работите стануваат комплицирани. Ако тој нарача шпагети со 3 големи шкампи, не е многу сериозен. Но ако нарача паста со Болоњезе сос или њоки со сирење, тогаш вие сте на состанок со едноставен човек кој не бара многу и лесно ќе ве следи.

Грчка салата

Сака да ви покаже дека е космополит и интелигентен и знае точно што сака. Дајте му поени за трудот, потоа соочете се со фактот дека следи здодевна ноќ. 

Пилешки прсти

О Боже. Мамино синче. Спасете се ако можете.

Пица

Ако сте во пицерија, тогаш е во ред. Не дека има друг избор. А ако зборуваме за правилата кои важат за нарачување пица, тогаш тоа се истите како за паста. Но ако сте во фин ресторан и тој сепак нарачува пица, тоа е јасен знак дека нема многу големи цели во животот. А штом завршите со состанокот, тој веројатно ќе оди да игра фудбалче со некој другар. И изгубете му го бројот по пат.

Кинеско

Ако мажот ве покани вокинески ресторан на состанок, тоа е добар знак дека има самодоверба и не му фали фантазија. Но бидете внимателни, ако ве покани во мал, неугледен ресторан за кој никогаш не сте чуле, веројатно има жена и деца кои го чекаат дома. Жалам...

Мексиканска храна

Жешко,жешко,жешко! Тој е очигледно шармантен, интересен и фасцинантен... Но сепак едвај ќе чекате вечерта да заврши. 

Хамбургер

Добар и солиден избор. Тој има добар вкус и знае што сака. Ова секако не важи ако ве викне во Мекдоналдс. Во тој случај побарајте му лична карта и вратете го дома кај неговите.

Суши

Тој мора да е интелектуалец во секоја смисла на зборот. Тој го знае секое јадење на менито и може точно да ги изговори сите нив. И секако, тој е исто така пријател со готвачот. Но е сосема возможно дека ќе заборави на вас поради неговата екстремна самодоверба. 

Телешки ребра

Имате вистински мачо од средниот век на состанок со вас. Најверојатно е добро ухранет, но добро го крие тоа. Тој е исто гласен, нетрпелив и груб. Тој нема ни да ја допре салатата, но се друго ќе заврши во неговата чинија.

Ако можете да издржите тогаш загледајте како ја џвака коската- веројатно сте виделе нешто слично на Discovery Channel.

Исто како и вас

Личност која нарачува исто како и вас ризикува да заврши со нешто што не и се допаѓа. Особено ако има и голем избор на други вкусни работи на менито. Личност која не е многу независна, нема вистинска енергија и претпочита другите да ги носат одлуките наместо неа во животот. Веројатно ќе ви се јавува 15 пати на ден. Само бидејќи смета дека тоа е слатко.