Ослободете се од целулитот со масло од ореви
Маслото од ореви е природен балзам за кожата и косата. Исто така, може да се користи како додаток на исхраната или како замена за други видови масло. Најважната карактеристика на ова масло е тоа што го забрзува слабеењето и го подобрува здравиот изглед.
Маслото од ореви е одлично за кожата
Маслото од ореви акумулира киселини на кожата. Тоа значи дека ја лади и ја одржува хидрирана во исто време. Уште една важна карактеристика е тоа што ова масло бргу пенетрира во дермисот и започнува да ги менува киселинските протеини во базни. Правилната употреба на маслото од ореви ќе ви даде позатегната и поздрава кожа
Кожата на која е нанесено маслото од ореви побргу се регенерира, бидејќи алкалноста на оревите овозможува создавање подобри услови за обновување на клетките. Со тоа, не само што вашата кожа ќе изгледа поздраво, туку ќе изгледа и многу помладо. Маслото од ореви се препорачува за жените кои имаат проблеми со целулитот
Целулитот се топи многу побргу и се исфрла низ урината, на повисоки температури. Маслото од ореви помага во детоксикацијата на телото и спречува акумулација на штетни материи во организмот. Токсините најчесто имаат форма на киселини, а ова масло ги претвара во бази, по што започнува и нивното разградување. Маслото од ореви се препорачува и за луѓето со проширени вени и брчки
Ако ова масло се користи како маст, тогаш може да им биде од голема помош на оние што се во битка со проширените вени или пак сакаат да се справат со сѐ поголемиот број брчки. За брзо време, брчките ќе се измазнат и ќе станат практично невидливи или во најмала рака – добро скриени. Маслото од ореви е добро и за вашиот скалп
Ако нанесувате масло од ореви на скалпот, тоа ќе го направи мек и флексибилен. Косата ќе започне многу побргу да се регенерира, бидејќи маслото го лади скалпот. Уште поважно е тоа што маслото од ореви ќе ви помогне и при регенерацијата на оштетените влакна и корените. По кусо време, вашата коса ќе стане потемна, а влакната ќе станат подебели, поздрави и пофлексибилни.