Цело семејство во топ форма
Активностите на отворено се одличен, евтин начин да поминете квалитетно време со семејството и истовремено да се одржите во топ форма и да бидете пример за здрав начин на живот.
Активностите на отворено се одличен, евтин начин да поминете квалитетно време со семејството и истовремено да се одржите во топ форма и да бидете пример за здрав начин на живот.
Експертите препорачуваат возрасните луѓе да бидат физички активни најмалку 2,5 часа неделно. За тинејџерите препораките за физичка активност се најмалку 1 час дневно. Под физичка активност се вбројува се што ја забрзува работата на срцето, дишењето и ги зајакнува мускулите. Дури и вежбањето по 10 минути дневно помага во подобрувањето на здравјето на децата и возрасните.
Еден од начините да го поттикнете вашето семејство да води здрав начин на живот е да го вклучите во вашата рутина на вежбање. Постојат голем број на активности во кои може да учествува целото семејство:
- Планинарете или испланирајте семеен пикник. Започнете го планинарењето рано наутро за да стигнете на планираното место токму навреме за заедно да го гледате заоѓањето на сонцето и ѕвездите. Задолжително понесете батериска ламба за безбедно да се вратите назад.
- За оние кои сакаат да следат спорт во вашето семејство, свртете неколку круга со велосипедот за да ја потрошите енергијата пред да седнете пред телевизорот и да го бодрите својот омилен тим.
- Доколку вашето семејство сака да се натпреварува, организирајте го соседството и направете мал турнир. За поголема забава забележувајте го резултатот и на крај прогласете ги победниците.
Доколку се одлучите за активности на отворено, секако дека ќе ви биде потребна безбедносна опрема – шлемови, очила за сонце, крема за сончање и, доколку имате мали дечиња, соодветна количка. Голем број на компании се водат според активниот животен стил на потрошувачите и дизајнираат колички за бебиња и деца со кои многу лесно можете да џогирате, планинарите, па дури и да скијате.