Нема производи во вашата кошничка.

Бокс за вистински фитнес и брзо слабеење

Боксот станува еден од најпопуларните фитнес тренинзи во светот, дури и помеѓу женската популација. Прочитајте ја оваа статија и секако земете часови по бокс.

Бокс за фитнес и слабеење

Боксот станува еден од најпопуларните фитнес тренинзи во светот, дури и помеѓу женската популација. Затоа доколку сакате вистински фитнес и брзо слабеење, прочитајте ја оваа статија и секако земете часови по бокс.

Женскиот фитнес оди чекор напред!

Боксот е еден од најдобрите начини за вистински фитнес. Тој е тежок, напорен и груб, но истовремено и забавен спорт. За време на тренингот Вие максимално ќе работите на секој поединечен мускул од Вашето тело при што ќе чувстувате болка и замор, но бидете упорни.

После една до две недели вежбање ќе забележите изненадувачки физички промени кај вас. Ќе бидете послаби, вашите мускули ќе бидат потонирани и посилни.

Затоа, доколку сакате да го измените стариот и досаден фитнес тренинг, боксот е вистинското решение за вас, па слободно искористете ги неговите придобивки.

Часовите по бокс најчесто ги посетуваат мажи, но денес ситуацијата е поинаква. Знаејќи ги бенефициите од боксот насекаде во светот, сè повеќе се организираат редовни тренинзи само за жени кои се одржуваат во локалните рекреативни центри.

Доколку имате желба да тренирате бокс, но сте сосема сигурни во врска со тоа, посетете некои од местата каде што се тренира бокс и можеби ќе се уверите дека тоа е вистинското нешто за вас.

Бокс за слабеење

Дефинитивно една од главните причини поради кои треба да се занимавате со овој интересен спорт е брзото топење на масните наслаги.

Со боксот вие го тренирате целото тело бидејќи тој е комбинација од кардиоваскуларен тренинг и трениг за моќ/сила. При тоа ќе забележите брзо губење на тежината, а вашите мускули ќе бидат повеќе тонирани и многу посилни.

Боксот е спорт со екстремно висок интензитет на вежбање, така што го зголемува пулсот и забрзува метаболизмот, а тоа трае и долго време по завршување на тренингот. Тоа значи апсорбирање на помалку калории како масти во текот на денот, што е превенција во прекумерното зголемување на тежината.

Што ви е потребно за тренинг?

За успешен тренинг без повреди потребни ви се следниве нешта:

  • Добар пар тешки ракавици за бокс;
  • Вреќа за вежбање;
  • Обвивка (завој) за обложување на зглобовите на рацете;
  • Тренер.

Од големо значење е да започнете да тренирате со помош на тренер.

Мора да научите правилно да удирате во вреќата за вежбање, бидејќи во спротивно може сериозно да ги повредите прстите и зглобовите на рацете. Но, штом ги совладате техниките на боксувањето купете си вреќа за боксување и слободно тренирајте и во вашиот дом.

Никогаш не се одвојувајте од обвивката за зглобови. Оваа обвивка е како завој која цврсто се обвиткува околу прстите, рацете и зглобовите. Зглобовите на прстите се цврсто врзани и споени, со што се избегнува повреда.

Слабеење со помош на бокс тренинг

Типичниот тренинг чија цел е губење на килограмите би требало да трае околу 25-35 минути. Започнете со лесно загревање и истегнување, а потоа подгответе се за тешкиот тренинг со вреќата за боксување.

Идејата е да удирате колку што можете посилно, користејќи различни движења за време од три минути. Ова е копија на боксерски меч каде што рундите траат три минути. После секоја рунда одморете се не повеќе од 30-на секунди и почнете одново. Повторувајте ги рундите во текот на целиот тренинг.

Доколку не можете да вежбате цели 25 минути (потребна е добра физичка спремност за толку долг тренинг) не се форсирајте, туку скокајте со јаже. На овој начин мускулите остануваат загреани и го задржувате зголемениот пулс.

Главни бокс движења

Главните движења кои се користат во боксот се следниве:

  • Удар од лево;
  • Вкрстен удар во десно;
  • Свиткување на телото на десно;
  • Свиткување на телото на лево;
  • Десен аперкат;
  • Лев аперкат;

Исто така може да ги додадете и движењата како кошкање и чучнување, со што го вежбате долниот дел од телото и истовремено работите на стомачните мускули. На тој начин го тренирате целото тело.