Нема производи во вашата кошничка.

Што ви е потребно за безбедност на вашите деца во вода

Во лето, кога вашите деца не се на училиште и понекогаш времето го поминувате покрај базен или пак заминувате на одмор на море или покрај езеро, мора да ги преземете сите мерки на претпазливост, за да бидете сигурни дека најмалите ќе бидат безбедни.

Преземете ги сите мерки на претпазливост...

Во лето, кога вашите деца не се на училиште и понекогаш времето го поминувате покрај базен или пак заминувате на одмор на море или покрај езеро, мора да ги преземете сите мерки на претпазливост, за да бидете сигурни дека најмалите ќе бидат безбедни.

Свирче

Иако се работи за малку застарен метод, сепак е важно да имате систем со своето дете, за тоа полесно да може да ве лоцира кога ќе му дадете сигнал. Договорете се дека кога ќе го чуе специфичниот звук треба да се заврти и да ве пронајде. Не претерувајте со употребата, за да не го збуните своето дете. Исто така, можно е на другите родители ова да не им се допаѓа, но ако тоа ви помогне да спречите вашето дете да се повреди, тогаш што е важно?

Костими за капење во светли бои или модели што лесно се распознаваат

Ова е особено важно ако имате повеќе деца и не можете постојано да внимавате на сите. Купете им исти или слични костими за капење, со боја што лесно се распознава. Исто така помага доколку имате слични крпи за бришење. Колку повеќе маркери за идентификација имате, толку ќе ви биде полесно да ги пронајдете сите членови од семејството. А, брзото пронаоѓање на децата е клучно за безбедност на вода.

Средство за заштита од сонце

Без разлика дали вашето дете има светол или темен тен, важно е да му нанесете водоотпорно средство за сончање, со минимален заштитен фактор 30. Иако децата најмногу сакаат да бидат во вода, секако ќе бидат изложени на сонце, па затоа е важно кожата да не им иизгори.