Бебињата треба да вежбаат
Според најновите истражувања во Британија, децата под 5 години треба да вежбаат (вклучително и оние што сè уште не прооделе), за да имаат правилен психофизички равој.
Подгответе го Вашето дете за правилен психофизички развој
Властите во Велика Британија ги објавија новите начела за зачувување на здравјето и според нив, и децата под 5 годишна возраст, вклучувајќи ги и оние кои сè уште не прооделе, треба да вежбаат секојдневно.
Министерството за здравство препорачува сите деца да бидат физички активни по најмалку три часа дневно, со што ќе се гарантира нивниот правилен психофизички развој.
На родителите им се препорачува да го ограничат времето што нивните деца го поминуваат пред телевизор или пак седнати во количка. Се нагласува дека потребата за физичка активност на детето може да се задоволи и со игра (препорачливо е активноста да биде подеднакво распределена во текот на денот наместо одеднаш).
Штом детето ќе започне да оди во градинка, забавиште или училиште, се препорачува почесто одење пеш, за да се создаде навика за пешачење.
Начелата препорачуваат децата да се поттикнуваат на физичка активност уште од раѓањето и дека децата кои немаат проодено можат да имаат корист од играњето на стомак или пливањето во базен со нивните родители.
Според одговорните лица, овој проект е повеќе од важен, за поттикнување на правилниот психофизички развој кај децата.
Клучно е родителите да ги запознаат своите деца со забавните страни на физичката активност од најмали нозе, со што ќе им всадат навика за вежбање.
Ова е од огромно значење во контекст на новите проценки кои велат дека во Велика Британија, до 2050 година, околу 90 проценти од сите возрасни жители ќе имаат зголемена телесна тежина.
Остатокот од светот се движи приближно во рамките на овие предвидувања, а особено е алармантно што само 5 проценти од сите луѓе го исполнуваат апсолутниот минимум препорачана (умерена) физичка активност од 150 минути неделно.