Нема производи во вашата кошничка.

7-дневна диета

Појадокот е ист, секое утро: 1 филџан растителен чај, три парчиња интегрален двопек, 1 јогурт.

7-ДНЕВНА ДИЕТА

Појадокот е ист, секое утро: 1 филџан растителен чај, три парчиња интегрален двопек, 1 јогурт.

Понеделник

Ручек: Пилешка каша (125гр.обарено, измиксирано пилешко месо со 50 гр.сирење), салата од варен грав со нане, парче интегрален леб, салата од јужно овошје.

Вечера: Измиксиран обарен зеленчук со еден јогурт.

Вторник

Ручек: 120 гр.тофу (сирење од соја), 2 вида динстан зеленчук помешан со изматена белка и потпечен во рерна, 3 интегрални крекери, 1 зелено јаболко.

Вечера: чорба од зеленчук со ѓумбир и нане, пудинг од соја со карамела.

Среда

Ручек: 120гр лосос или друга риба, потпечена в рерна, 100 гр.пире од компири, сок од 1 исцеден грејпфрут.

Вечера: 50гр.интегрален ориз и 50гр.обарен грав споени во 1 оброк, една печена круша.

Четврток

Ручек: каша од туна (100гр.риба со чаша јогурт), 1 парче интегрален леб, тиквичка на пареа, 3 мандарини.

Вечера: чорба од зеленчук со 40 гр.интегрални тестенини, 1 јаболко.

Петок

Ручек: 120 гр.мисиркини гради, печени со малку кари, карфиол на пареа, 1 парче интрегрален леб, 1 портокал.

Вечера: порција тестенини со грав (100гр.), 1 круша.

Сабота

Ручек: 100гр.обарени морски плодови со соја сос, брокули на пареа, 1 парче интегрален леб, 1 јаболко.

Вечера: 70 гр.кратки макарони со прелив од измиксирани црвени пиперки, пудинг од соја.

Недела

Ручек: 1 пилешки копан, пире од грав 120гр., 1 парче интегрален леб, 3 мандарини.

Вечера: овошје по избор.