Нема производи во вашата кошничка.

5 најчести митови за калориите

Мислите дека знаете точно кои вежби согоруваат најмногу калории? Подолу ќе можете да прочитате некои зачудувачки факти за фитнесот и врската со калории, кои можеби ќе го сменат начинот на кој им пристапувате на вежбите.

Дали знаете точно кои вежби согоруваат најмногу калории?

Подолу ќе можете да прочитате некои зачудувачки факти за фитнесот и врската со калории, кои можеби ќе го сменат начинот на кој им пристапувате на вежбите.

Мит: Трчањето и пешачењето согоруваат подеднакво калории

Ни приближно. Трчањето е многу поенергична активност, бидејќи потскокнувате од подлогата со секој следен чекор. По километар, трчањето согорува двојно повеќе калории отколку пешачењето.

Мит: Треба да останете во зоната за согорување масти, за да ослабете

Жените се убедени дека вежбите со низок интензитет, кои се точно насочени кон одреден дел од телото, ќе им помогнат да ги симнат масните наслаги од тој дел. Ова едноставно не е точно.

Доколку вежбате полесно 15 минути и согорите 100 калории, можно е до 75 проценти од нив да бидат од масните наслаги.

Но, ако во тие 15 минути вежбате интензивно и согорите 200 калории, и покрај фактот што само половина од нив ќе бидат од масните наслаги, тоа сепак ќе биде повеќе отколку во првиот случај. Дополнително, сте согореле и двапати повеќе калории.

Мит: Не можете да им верувате на бројките на лентата за трчање

Одамна, кога индикаторите за согорени калории првпат се појавија и станаа популарни, во поголем дел од случаите покажуваа страшно неточни мерења.

Но, со напредокот на технологијата, во денешно време, индикаторите се прилично прецизни, особено ако соодветно ја програмирате сопствената телесна тежина.

Мит: Согорувате повеќе калории доколку вежбате на студено.

Точно е дека телото согорува повеќе енергија кога ви студи, за да се стоплите. Но, штом ќе се загреете од вежбањето, тоа веќе нема да игра никаква улога.

Мит: Најдобри се вежбите кои согоруваат најмногу калории

На долги патеки, најмногу согоруваат оние вежби кои можете да ги вежбате најдолго време, без да се откажете. Не е важно дали тоа е трчање, пешачење, планинарење или возење велосипед.