Rovus Astrea Филтер
Rovus Astrea Прочистувачот на воздух има специјално дизајниран филтер, кој го прочистува воздухот во 3 фази. Филтерот е HEPA H11, со слој од сребрени нано антибактериски честички кои го прочистуваат воздухот до 0.3 микрони - големината на најчестите алергени, бактерии и вируси.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Кратко инфо
-
Rovus Astrea Прочистувачот на воздух има специјално дизајниран филтер, кој го прочистува воздухот во 3 фази. Филтерот е HEPA H11, со слој од сребрени нано антибактериски честички кои го прочистуваат воздухот до 0.3 микрони - големината на најчестите алергени, бактерии и вируси.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Дишете слободно - чист воздух со само еден допир на копче
Воздухот кој го дишеме може да изгледа чист, но дури и во најчистата околина постојат различни форми на загадување на воздухот. Тие вклучуваат прашина, првут од домашни миленици, полен, дим, мувла, непријатни мириси и штетни органски соединенија. Овие честички е невозможно да се отстранат со редовното чистење, создаваат неудобност, иритација и разни заболувања, како што се алергии и респираторни болести.
Сега вие ќе бидете сигурни дека воздухот во вашиот дом или канцеларија е навистина чист, благодарение на најновиот Rovus Astrea прочистувач. Тој има модерен дизајн како и систем за прочистување на воздухот во 4 фази, со што се отстрануваат сите штетни честички и непријатни мириси.
Напреден систем за филтрација во 4 чекори за почист и поздрав воздух
За да се прочистат штетните честички кои предизвикуваат различни здравствени проблеми, Rovus Astrea прочистувачот има систем на филтрација во 4 чекори:
- Чекор: пред филтер кој се пере и ги заробува сите поголеми честички, како прав и влакна.
- Чекор: HEPA H11 филтер, со Нано сребрена антибактериска облога. Овој филтер ги заробува честичките од воздухот со големина дури и до 0.3 микрони со 99,97% ефикасност. Ова значи дека ќе ги зароби и најчестите алергени, бактерии и вируси.
- Чекор: Филтер со активен јаглен кој ги отстранува сите непријатни мириси од готвење или дим, како и оние најопасните, како формалдехид, бензин и амонијак.
- Чекор: Rovus Astrea прочистувачот ослободува милиони негативни јони кои се лепат за честичките и прават тие да спаднат на површината на предметите, а не да циркулираат низ воздухот.