Нема производи во вашата кошничка.

Општи услови на работење

ОПШТИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ И ПРЕДДОГОВОРНИ ИНФОРМАЦИИ

Врз основа на одредбите од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.236/2022), Друштвото за трговија и маркетинг СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје (понатака во текстот Трговец) , на ден 01.03.2023 година донесе општи услови на работење и преддоговорни информации.

ВОВЕД:

Член 1

(1) Со овој Правилник се уредуваат општите услови за работење, обврските на трговецот и потрошувачите , преддоговорно информирање во договор на далечина или договор вон деловните простории на трговецот, односно со која било соодветна понуда, начинот и постапката за решавање на рекламациите и приговорите на потрошувачите поради дефекти на купените производи, а во врска со остварувањето на правото на сообразност на продадените и испорачани производи, како и обврските и одговорностите на СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: Трговецот), заради остварувањето на правото на потрошувачки приговор.

(2) Општите услови се однесуваат на сите односи кои се воспоставуваат помеѓу трговецот и потрошувачот, освен во случај кога трговецот и потрошувачот, ќе се договорат поинаку за некои посебни права и обврски. Важечки се само оние спогодби кои ќе бидат направени во писмена форма или усно преку телефон, а во писмена форма се вбројуваат и пораки по пат на соодветни телекомуникациски средства (телефакс, електронска пошта и сл.) 

(3) Овие „Општи услови за работење“ достапни им се на купувачите во секое време.

ОБВРСКИ НА ТРГОВЕЦОТ

Член 2

(1) Идентификација на трговецот:

Назив : Друштвото за трговија и маркетинг СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје,
Седиште:   ул. Костурски Херои бр.38/К1 локал 1 Скопје

Телефон: + 389 2 30 94 511
Емаил: info.mk@studio-moderna.com 

ЕМБС: 4905326
ЕДБ: 4030994169662

Член 3

(1) Трговецот при продажба на стока, не смее да врши дискриминација на потрошувачите на некои од начините кои се предвидени со одредбите од Законот за заштита на потрошувачи.

Член 4

(1) Трговецот мора да го извести потрошувачот за обемот, условите и начинот на рекламација/приговарање на производите, за местото каде што се поднесува ракламацијата/приговорот, како и за останатите одредби од содржината на овој Правилник.

Член 5

(1) Трговецот се обврзува да не ја условува продажбата на начин што, продажбата на еден вид на производ да ја врзува со продажба на друг вид производ.

(2) Трговецот се обврзува на потрошувачите да им дава точни, целосни, основани и јасни информации, како и да не ги премолчува податоците за вистинските својства и карактеристики на производите.

Член 6

(1) Трговецот е должен на потрошувачот да му предаде потрошувачка стока што ги исполнува субјективните и објективните барања за сообразност определени со Законот за заштита на потрошувачите, доколку е применливо, така што нема да биде во спротивност со барањата за правата на трети лица на потрошувачките стоки.

(2) Трговецот му одговара на потрошувачот за секоја несообразност на стоката што постоела во моментот на нејзиното предавање на потрошувачот, без оглед дали Трговецот за тоа знаел, односно има законска одговорност за сообразност на стоката.

(3) Трговецот му одговара на потрошувачот и за секоја несообразност на потрошувачката стока со договорот за продажба што ќе се појави по нејзиното предавање на потрошувачот, ако истата е последица од причина што постоела пред предавањето.

Член 7

(1) За купената стока Трговецот на потрошувачот му издава фискална сметка, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда, фактура во согласност со закон.

(2) Трговецот е должен на потрошувачот да му овозможи проверка на точноста на пресметаниот износ по однос на квалитетот и количината на купениот производ.

ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Член 8

 (1) Потрошувачот има право да добие од Трговецот точни, целосни и јасни информации за главните белези на производот, називот на Трговецот, матичен број, адреса на седиштето, телефонски број и адреса на електронска пошта, за продажната цена, начинот на плаќање, начинот и рокот за испорака, начинот на изјавување на рекламација и потрошувачки приговор кај Трговецот, а осбено за местото на прием и начинот на постапување по нив, како и останатите информации предвидени со Законот за заштита на потрошувачи.

Нарачка на производи

Член 9

(1) Потрошувачот може да направи нарачка на производите на веб страната на трговецот како регистриран корисник или како гостин-корисник, при што ги остава своите податоци неопходни за реализација на купувањето, односно достава на стоката. Обезбедена е бесплатна регистрација која овозможува целосен увид на нарачката на потрошувачот , историски преглед на сите претходни нарачки и Потврди за купување. 

(2) Регистрацијата на купувачот подразбира регистрација на електронската адреса и на личните податоци: име и презиме, поштенски број и град, број на телефон и (или) на мобилен телефон, а за правните лица назив и адреса, поштенски број и град, број на телефон и (или) на мобилен телефон и факс, ID број, ДДВ број, трансакциски сметки во банките.

(3) Покрај тоа нарачката на производите може да се направи преку Кол Центарот на трговецот при што Агентот го информира потрошувачот за начинот како да ја направи нарачката.

Потврда за нарачка

Член 10

(1) После извршена успешна нарачка на производи на веб страна на трговецот на потрошувачот по електронски пат му се доставува Потврда на нарачката.

Опис на производот и продажната цена

Член 11

(1) Основни карактеристики на производот со информации за производот и продажната, односно единичната цена мора да биде означена на самата стока, односно на нејзината амбалажа, а додека при продажба преку веб страна продажната цена е истакната до сликата на секој производ.

(2) Продажната, односно единичната цена мора да биде означена на самата стока, односно на нејзината амбалажа, кога тоа е возможно на недвосмислен, јасен, лесно видлив и читлив начин директно до приказот или описот на производот, како и да се придржува до истакнатите цени и услови на продажба.

(3) Цените на производите прикажани на производите се конечни и вклучуваат ДДВ, и се наплаќаат во денари.

(4) Трговецот го задржува правото да изврши промена на цените и навреме ќе го известува купувачот за сите промени на цените со истакнување на новите цени на производите. .

Услови за плаќање

Член 12

(1) Плаќањата мораат да бидат извршени од страна на Купувачот во согласност со договорените услови за плаќања.

(2) Се смета дека плаќањето е извршено кога денарите се ставени на располагање на Трговецот Плаќањето може да се изврши на следните начини:

 - готовински,

- жирално( вирмаски) и

- плаќање со платежни картички преку POS терминали

Достава и трошоци за достава

Член 13

(1) Нарачаните производи се испорачуваат исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.

(2) При секоја нарачка на производите потрошувачите се информираат за трошоците за достава , односно дали се вклучени во нарачката или пак се дополнителен трошок кој не е пресметан во цената на производот . Со самата нарачка потрошувачот се согласува со висината на трошоците за достава . Пресметката на троошоците е во зависност од тежината на пратката, местото на испорака и доставната служба која ќе ја изврши нарачката. 

Клуб 5* картица

Член 14

(1) Клуб 5* е посебна програма за лојалност која овозможува ексклузивни привилегии за потрошувачите кои имаат пристап до нашите најатрактивни попусти, изненадувања и понуди со вредни подароци.

(2) Достапни се две Клуб 5* членства.

(3) Premium членство со важност од 1 година и Exclusive членство со важност од 2 години кои даваат дополнителни привилегии кои се објавени на официјалната веб страна на трговецот .

Рокови за испорака

Член 15

 (1) Роковите за испорака се сметаат од моментот на склучување на договорот или друг документ кој создава обврска за Трговецот и вршител на услуги/ работен налог, барање/ и исполнување на сите постапки поврзани со одобрувања за плаќања, плаќања во готово веднаш по извршената нарачка и по исполнетите технички услови. Се смета дека Трговецот ги исполнил роковите за испорака доколку писмено го извести Потрошувачот дека е спремен за испорака во договорениот рок.

Исполнување на договорот:

Член 16

(1) Договорот се смета дека е исполнет со уредно испорачување на производот и со плаќање на цената за испорачаниот производ под договорените услови.

Гаранција за правилно функционирање на производот (Гаранција):

Член 17

(1) Сите производи што се во продажба имаат гаранција од увозникот, односно од произведувачот, како и обезбеден сервис во гарантниот рок и надвор од гарантниот рок, како и соодветни резервни делови во Република Северна Македонија во согласност со законските прописи.

(2) За остварување на правата од гаранциската изјава, Купувачите можат да му се обратат на трговецот на телефонскиот број , преку веб страната или пак да се обратат до било кој продажен салон на трговецот.

(3) Условите на гаранцијата се наведени во Гарантниот лист, кој е приложен кон секој производ.

Замена и поправка на стоките

Член 18

(1) Трговецот има обврска на барање на потрошувачот кој кај него има купено стока, а што не е соодветна во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, истата да ја замени со стока што има соодветен квалитет, освен во случај на стока изработена по нарачка од потрошувачот.

(2) Трговецот е должен да изврши замена на стоката во рок од 15 дена сметано од денот кога стоката му е предадена на потрошувачот.

(3) Замената на стоката со соодветен квалитет се врши ако стоката не била употребувана, ако се сочувани нејзините изглед, употребни својства, пломби и фабрички означувања, како и сметката што на потрошувачот му била издадена заедно со стоката.

(4) Ако во моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот Трговецот нема соодветна стока, во смисла на стока што ќе одговара на неговите потреби, потрошувачот има право, по свој избор да бара:

- да го раскине договорот и да бара враќање на платениот износ или

- да ја замени стоката со друга соодветна стока кога Трговецот ќе располага со таква стока.

(5) Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на стоката дека располага со таква стока во рок што не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето за замена на стоката.

Несообразност на стоката:

Член 19

(1) Во случај на несообразност на потрошувачките стоки со договорот, потрошувачот има право:

- да бара бесплатно отстранување на несообразноста по пат на поправка или на замена на стоките;
- да бара сразмерно намалување на цената или
- да го раскине договорот.

(2) Под бесплатно отстранување на несообразноста на потрошувачките стоки согласно со ставот (1) на овој член се подразбира, неплаќање надоместок за трошоците кои се неопходни за доведување на стоката во сообразност со договорот, а особено трошоците за поштарина, превоз, работна рака и материјали.

Право на поправка или замена

Член 20

(1) Потрошувачот може да бара Трговецот или лицето овластено од него бесплатно да ја поправи стоката или да бара од Трговецот бесплатна замена на истата, освен ако поправката или замената е невозможна или несоодветна и тоа: 

- усно, во продажниот простор во кој го купил производот, 

- по писмен пат и 

- по електронски пат - на електронска пошта

(2) При поднесување на барањето за поправка или замена на стоката, потрошувачот задолжително приложува доказ за извршено плаќање за рекламираната стока.

(3) Трговецот има право да го одбие барањето на потрошувачот за поправка или замена, доколку поправката или замената е невозможна или барањето е несоодветно.

(4) Барањето на потрошувачот за поправка или замена на потрошувачката стока се смета за несоодветно ако за Трговецот повлекува трошоци што се неразумни во однос на другите евентуални барања на потрошувачот, а имајќи ги предвид вредноста на стоката доколку не постоела несообразноста, значењето на несообразноста за потрошувачот, како и тоа дали другото евентуално барање на потрошувачот би можело да биде исполнето без значителни непријатности за потрошувачот.

(5) Трговецот преку лицето овластено од него е должен поправката или замената на потрошувачките стоки, соодветно, да ја изврши во разумен рок од моментот кога потрошувачот го информирал .  

(6) Трговецот или лицето овластено од него се должни поправката или замената на потрошувачките стоки, соодветно, да ја извршат во разумен рок од моментот кога потрошувачот го информирал трговецот за несообразноста што не може да биде подолг од 30 дена од кога стоката е преземена и без значителни непријатности за потрошувачот, имајќи ги предвид природата на стоката и намената за која што потрошувачот ја набавил, како и природата, тежината на несообразноста и сложеноста на отстранувањето на несообразноста.

(7) Потрошувачот кој барал поправка на потрошувачката стока, во секој случај има право да бара нејзина замена ако Трговецот или лицето определено од негова страна не ја извршиле бараната поправка во рок што не може да биде подолг од 30 дена од кога стоката е преземена.

(8) Кога несообразноста треба да се отстрани со поправка или замена потрошувачот е обврзан стоката да му ја стави на располагање на Трговецот, а Трговецот е обврзан да ја преземе и да ги поднесе трошоците на преземање.

(9) Трговецот е должен на своја сметка да ја пренесе потрошувачката стока до местото кадешто истата треба да се поправи, односно да се замени, како и поправената, односно заменетата потрошувачка стока да му ја врати назад на потрошувачот.

(10) Во времето на поправка, ризикот за пропаѓање или оштетување на потрошувачката стока е на товар на Трговецот.

Член 21

(1) Под поправка се подразбира доведување на потрошувачката стока во сообразност со договорот.

(2) За извршените услуги на поправка и/или одржување на стоките чијашто вредност е повисока од 5.000 денари, Трговецот е должен на потрошувачот да му достави понуда во пишана форма, на хартија или на друг траен носач, со опис на работите, потребните материјали и делови.

Право на сразмерно намалување на цената

Член 22

(1) Потрошувачот има право да бара од Трговецот сразмерно намалување на цената, доколку:

-   Трговецот или лицето овластено од него не извршиле поправка или замена на стоката, соодветно, во разумен рок што не може да биде подолг од 30 дена од кога стоката е преземена;

-   Трговецот или лицето овластено од него не извршиле поправка или замена на стоката, соодветно, без значителни непријатности за потрошувачот;

-   Кога несообразноста се појавува и покрај обидот на Трговецот или лицето овластено од него, соодветно, да ја отстрани несообразноста на стоката;

-   Кога несообразноста е од толку сериозна природа што може да оправда намалување на цената или

-   Трговецот или лицето овластено од него изјавил или е јасно од околностите, дека нема да ја отстрани несообразноста на стоката во разумен рок или без значителни непријатности за потрошувачот.

(2) Сразмерното намалување на цената се врши според сразмерот помеѓу вредноста на сообразната стока и вредноста на несообразната стока во времето на склучувањето на договорот.

Право на раскинување на договорот

Член 23

(1) Потрошувачот има право да го раскине договорот, доколку:

-    Трговецот или лицето овластено од него не извршиле поправка или замена на стоката, соодветно, во разумен рок што не може да биде подолг од 30 дена од кога стоката е преземена;

-    Трговецот или лицето овластено од него не извршиле поправка или замена на стоката, соодветно, без значителни непријатности за потрошувачот;

-    Кога несообразноста се појавува и покрај обидот на Трговецот или лицето овластено од него соодветно да ја отстрани несообразноста на стоката;

-    Кога несообразноста е од толку сериозна природа што може да оправда раскинување на договорот или

-    Трговецот или лицето овластено од него изјавил или е јасно од околностите, дека нема да ја отстрани несообразноста на стоката во разумен рок или без значителни непријатности за потрошувачот.

(2) Без оглед на одредбите од ставот (1) на овој член, потрошувачот има право да го раскине договорот и доколку Трговецот не извршил или исплатил соодветно намалување на цената во рок што не може да биде подолг од 8 дена од кога го примил барањето на потрошувачот за сразмерно намалување на цената.

(3) Кога несообразноста се однесува само на дел од стоките што му биле предадени на потрошувачот согласно со договорот и се исполнети условите за раскинување на договорот согласно со овој закон, потрошувачот може да го раскине договорот само за делот што има недостатоци.

(4) По исклучок на ставот (3) на овој член потрошувачот може да го раскине договорот и во поглед на која било стока што ја примил заедно со несообразната стока доколку не може од потрошувачот разумно да се очекува да прифати да ги задржи само сообразните стоки.

(5) Во секој случај, потрошувачот нема право да го раскине договорот доколку несообразноста на потрошувачките стоки е од помало значење, при што не се засегаат неговите други права согласно со закон.

(6) Потрошувачот го раскинува договорот со писмена изјава до Трговецот со која ќе ја изрази одлуката за раскинување на договорот.

(7) Акo потрошувачот го раскине договорот е должен да ја врати стоката на Трговецот на трошок на Трговецот, а Трговецот има обврска на потрошувачот да му ја врати цената платена за стоката по приемот на стоката или по приемот на доказ од страна на потрошувачот дека стоката е испратена на Трговецот.

Член 24

(1) Потрошувачот е должен да се придржува на сите упатства од декларациите во поглед на наменската употреба на производот, негово користење и одржување.

(2) Потрошувачот нема право на замена на стоката, поправка на стоката или сразмерно намалување на цената, доколку се утврди дека недостатоците настанале по негова вина поради физичко-хемиско оштетување при употреба на производот или неправилно одржување на производот или доколку нема соодветен доказ за купување на производот (фискална сметка, фактура, сметкопотврда), во законски пропишаниот рок.

(3) Заради остварување на неговите права, согласно одредбите од Законот за заштита на потрошуваччи, потребно е потрошувачот да го извести трговецот или лицето определено од негова страна за постоење на несообразност на стоката, без оглед дали несообразноста е видлива или скриена, во рок од 60 дена сметано од денот кога ја открил несообразноста .

Член 25

(1) За остварување на правата на потрошувачите Трговецот е должен, на потрошувачот да му издаде Потрошувачки приговор  (со кој ќе го потврди приемот на рекламацијата, односно барањето за бесплатно отстранување на несообразноста по пат на поправка или на замена на стоките, сразмерно намалување на цената или раскинување на договорот.

(2) Образецот за Потрошувачки приговор  се пополнува во 2 (два) примерока од кои: 1 (еден) примерок за купувачот и 1 примерок за Трговецот.

IV. ДОГОВОРИ НА ДАЛЕЧИНА

Член 26

(1) Во поглед на договорите на далечина, Трговецот е должен да му ги даде или да му ги направи достапни на потрошувачот информациите предвидени со Законот за заштита на потрошувачите што се однесуваат на преддоговорното информирање на начин што е соодветен на средството за комуникација на далечина, како и на јасен и разбирлив начин. Кога информациите се однесуваат на преддоговорното информирање што Трговецот е должен да ги даде на потрошувачот се на траен носач, истите мораат да бидат читливи.

(2) Кога со договорот на далечина што треба да се склучи по пат на електронски средства, потрошувачот презема обврска да изврши плаќање, Трговецот е должен да обезбеди дека потрошувачот, при правењето на нарачката, изречно ќе потврди дека нарачката подразбира негова обврска за плаќање.

Член 27

(1) Кога потрошувачот прави нарачка по електронски пат е должен да побара од давателот на услугата да му достави потврда за прием на нарачката на примателот со посебна електронска порака без одлагање и по електронски пат.

(2) Трговецот му става на располагање на потрошувачот соодветни, ефикасни и достапни технички средства со кои му овозможува да ги препознае и да ги поправи погрешно внесените податоци пред да ја направи нарачката, освен во случај кога страните што не се потрошувачи поинаку не се договорат.

(3) Нарачката и потврдата за прием се сметаат за примени кога истите им се достапни на страните до кои се адресирани.

(4) Договорот во електронски облик се смета за склучен во оној момент кога Трговецот ќе ја прими електронската порака која содржи потврда со бројот на извршената нарачка, што претставува изјава на потрошувачот дека ја прифаќа содржината на договорот.

(5) Освен ако страните поинаку не се договориле во поглед на времето на испорака, Трговецот е обврзан да ги испорача стоките по пат на пренос на физичкото владение или контрола врз стоките на потрошувачот, без одлагање, а во секој случај не подоцна од 30 дена од склучувањето на договорот. 

(6) Кога Трговецот не ја испочитувал обврската за испорака на стоките во времето договорено со потрошувачот или во рокот од ставот (5) на овој член, потрошувачот е овластен да го повика Трговецот да ја изврши испораката и за ова да му остави дополнителен примерен рок што е соодветен на околностите на случајот при што, ако Трговецот не ја изврши испораката во овој рок, потрошувачот има право да го раскине договорот. 

(7) Потрошувачот не мора да му остави на Трговецот дополнителен примерен рок за испорака што е соодветен на околностите на случајот во случаите кога Трговецот одбил да ја изврши испораката, кога испораката во договореното време е од суштинско значење земајќи ги предвид сите околности при склучувањето на договорот, како и кога потрошувачот пред склучувањето на договорот го известил Трговецот дека испораката до или на одреден датум е од суштинско значење, за што потрошувачот има право веднаш да го раскине договорот, а Трговецот е должен да му ги врати на потрошувачот сите износи што овој му ги платил по основ на договорот.

Член 28

(1) Потрошувачот има право на повлекување од договорот на далечина во рок од 14 дена, без притоа да даде причина или образложение за повлекувањето од договорот и без негова обврска да плати какви било трошоци освен трошоците предвидени со Законот за заштита на потрошувачите, по телефонски пат или по електронски пат – на електронска пошта  info.mk@studio-moderna.com .

(2) За времетраење на рокот за повлекување, дозволено е извршувањето на договорните обврски, од двете страни.

Начини на остварување на правото на повлекување 

Член 29

(1) Потрошувачот кој има намера да го оствари правото на повлекување од договор мора за ова да го извести Трговецот пред истекот на рокот за повлекување од 14 дена од денот кога потрошувачот или некој трет субјект определен од страна на потрошувачот, ќе се стекне со физичко владение врз стоките.

(2) Правото на повлекување од договорот потрошувачот го остварува со праќање на образецот за повлекување од договор пропишан со закон или по пат на која било друга недвосмислена изјава за неговата одлука за повлекување од договорот.

(3) Рокот за известување на Трговецот за повлекувањето од договорот е испочитуван ако известувањето е испратено од страна на потрошувачот пред истекот на рокот за повлекување од согласно Законот за заштита на потрошувачите.

(4) Образецот за повлекување од договор на далечина или договор вон деловните простории е достапна и на веб-страницата на Трговецот – https://www.topshop.com.mk/kontakt” или преку електронска пошта info.mk@studio-moderna.com  за што потрошувачот добива автоматска потврда за прием на соодветното известување за повлекување од договорот, без одлагање и на траен носач.

(5) Во однос на начинот на остварување на правото на повлекување од договорот во согласност со одредбите од овој член, товарот на докажување е на потрошувачот.

Општо дејство на остварување на правото на повлекување

Член 30

(1) Остварувањето на правото на повлекување од соодветниот договор од страна на потрошувачот има дејство на раскинување на договорот.

(2) Раскинувањето на договорот, согласно со ставот (1) на овој член, подразбира престанување на обврските на страните за исполнување или склучување на договорот на далечина, а кога понудата за нивно склучување ја дал потрошувачот.

Обврски на Трговецот во случај на повлекување

Член 31

(1) Во случај на повлекување на потрошувачот доставено во законски предвидениот рок , Трговецот е должен да му ги врати на потрошувачот сите плаќања извршени од негова страна како и каде што е применливо, трошоците за испорака, без одлагање, но не подоцна од 14 дена во случаите определени со член 127 и 128 од Законот за заштита на потрошувачите.

(2) Трговецот е го врши враќањето од ставот (1) на овој член користејќи ги истите средства за плаќање што ги користел потрошувачот при неговото првично плаќање, освен ако потрошувачот изречно не се согласил поинаку и под услов потрошувачот да не е обврзан да поднесе какви било трошоци или надоместоци што произлегуваат од ваквото враќање.

(3) Без оглед на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член, Трговецот не е обврзан да изврши враќање на дополнителните трошоци, а кога потрошувачот изречно избрал начин на испорака што е различен од најевтиниот вид стандардна испорака што го нуди Трговецот.

(4) Освен кога во случај на договор за продажба Трговецот се понудил самиот да ги преземе стоките, Трговецот може да го задржи враќањето на плаќањата сè додека не ги добие стоките назад или сè додека потрошувачот не му обезбеди доказ дека стоките му ги пратил назад на Трговецот, во зависност од тоа кое дејствие прво ќе се случи.

Обврски на потрошувачот во случај на повлекување

Член 32

(1) Освен кога Трговецот се понудил самиот да ги преземе стоките, потрошувачот е должен стоките да му ги прати назад на Трговецот или пак истите да му ги предаде нему или на субјектот овластен од страна на Трговецот за прием на стоките, без одлагање, но не подоцна од 14 дена во случаите определени со член 127 и член 128 од Законот за заштита на потрошувачите.

(2) Потрошувачот е обврзан да ги поднесе само непосредните трошоци за враќање на стоките, освен ако Трговецот не се согласил да ги поднесе овие трошоци или доколку Трговецот пропуштил да го информира потрошувачот дека тој е оној кој е должен истите да ги поднесе.

(3) Во случај на договор вон деловните простории на Трговецот каде што стоките биле испорачани во домот на потрошувачот при самото негово склучување, Трговецот е должен стоката да ја преземе на сопствен трошок, доколку стоките се по својата природа такви што не можат нормално да се вратат по пошта.

(4) Потрошувачот е одговорен само за намалената вредност на стоките што е последица од ракувањето со истите што не е потребно за утврдување на нивната природа, белези и функционирање со тоа што потрошувачот, во секој случај, не е одговорен за намалената вредност на стоките кога Трговецот не му ги дал на потрошувачот преддоговорните информации што се однесуваат на траењето и на условите и постапката за вршење на правото на повлекување, во согласност со одредбите од овој закон, како и прописот од членот 120 став 6 од Законот за заштита на потрошувачите.

V. ПРАВНА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Член 33

(1) Потрошувачот заштитата на своите права може да ја остварува преку:
               - потрошувачки приговор пред Трговецот;
               - покренување потрошувачки спор во парнична постапка и
               - вонсудско решавање на потрошувачки спор.

 Потрошувачки приговор

Член 34

(1) Трговецот е должен да му овозможи на потрошувачот поднесување потрошувачки приговор во случаи на повреда на правата на потрошувачот што истиот ги има врз основа на Законот за заштита на потрошувачите или на договор и да постапува по потрошувачкиот приговор, согласно закон, без оглед дали потрошувачкиот приговор е именуван како таков.

(2) Трговецот, во своите деловни простории и на својата веб-страница, на јасен, видлив и читлив начин, истакнува дека потрошувачот е овластен да поднесе потрошувачки приговор, како и ги истакнува расположливите начини за поднесување потрошувачки приговор.

(3) Поднесувањето потрошувачки приговори и постапувањето по потрошувачки приговор не може да се смета како откажување од мерките и средствата што му се на располагање на потрошувачот за исполнување на неговите права, ниту како нивен предуслов или претпоставка.

 5.2 Начини на поднесување потрошувачки приговор

Член 35

(1) Потрошувачот го поднесува својот потрошувачки приговор усно, по писмен пат во деловните простории на Трговецот, при што е должен да обезбеди и присуство на лице кое е овластено да прима потрошувачки приговори во текот на целото работно време или по електронски пат – на електронската пошта info.mk@studio-moderna.com.

(2) Во случај кога е доставен потрошувачки приговор усно или на хартија во деловните простории или продажните места на Трговецот, истиот на потрошувачот му издава писмена потврда за прием на потрошувачкиот приговор без одлагање, односно при поднесување на приговорот.

(3) Во случај кога е поднесен потрошувачки приговор по електронски пат на Трговецот, истиот на потрошувачот му доставува потврда за прием на потрошувачкиот приговор на траен носач.

(4) Трговецот нема право да врши наплаќање за поднесувањето и постапувањето по потрошувачкиот приговор.

(5) Потрошувачкиот  приговор задолжително треба да содржи:

- Име, презиме и адреса на поднесувачот,

- Субјектот на кој се однесува приговорот со наведување на продажниот простор,

- Основот и предметот на приговорот, времето, местото кога е забележана повредата и опис на правата кои потрошувачот смета дека му се повредени. 

Обврска за одговор на потрошувачки приговор

Член 36

(1) Трговецот, во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот е должен да му одговори на потрошувачот на неговиот потрошувачки приговор.

(2) Во одговорот на потрошувачкиот приговор, Трговецот ги наведува следните податоци:

- Дали го уважува потрошувачкиот приговор;
- Кратко образложение на својата одлука по потрошувачкиот приговор и
- Каде што е применливо, конкретен предлог за рок за разрешување на потрошувачкиот приговор.

(3) Одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член не се применуваат во ситуациите кога потрошувачот и Трговецот го разрешиле непосредно поднесениот потрошувачки приговор.

Постапување по потрошувачкиот приговор

Член 37

(1) Трговецот може да му даде конкретен предлог на потрошувачот за разрешување на потрошувачкиот приговор, во рок не подолг од 30 дена од приемот на потрошувачкиот приговор.

(2) Трговецот е должен да постапи во согласност со предлогот за разрешување на потрошувачкиот приговор согласно со ставот (1) на овој член, ако потрошувачот на ова претходно се согласил.

(3) Доколку Трговецот не е во можност, од објективни причини, да ги задоволи барањата на потрошувачот во рокот од ставот (1) на овој член, е должен за ова да го извести потрошувачот и да определи дополнителен рок што не може да биде подолг од 8 дена од истекот на рокот од ставот (1) на овој член.

(4) Определувањето на дополнителниот рок од ставот (3) на овој член Трговецот е должен да го евидентира во евиденцијата на потрошувачки приговори.

(5) Определувањето на дополнителниот рок од ставот (3) на овој член, Трговецот може да го изврши само еднаш.

(6) Трговецот е должен да постапи во согласност со предлогот за разрешување на потрошувачкиот приговор, согласно со ставот (3) на овој член, ако потрошувачот на ова претходно се согласил.

Евиденција на потрошувачки приговори

Член 38

(1) Трговецот за поднесените потрошувачки приговори води евиденција на потрошувачки приговори и истата редовно ја ажурира.

(2) По барање на органите за надзор на пазарот Трговецот е должен да достави извод од евиденцијата на потрошувачки приговори од ставот (1) на овој член.

Потрошувачки спор и вонсудско решавање

Член 39

(1) Трговецот е должен да се обиде секој спор што настанува во потрошувачките односи (потрошувачкиот спор) да го реши со договор со потрошувачите, на мирен начин или на некои од начините за вонсудско решавање на потрошувачките спорови.

(2) За решавање на потрошувачките спорови се надлежни стварно надлежните судови.

(3) Потрошувачки спор врз основа на поднесен потрошувачки приговор или поднесено барање на потрошувач или на овластените тела за заштита на колективните интереси и права на потрошувачите, пред носител на кодекс на однесување, може да се реши по вонсудски пат, односно преку медијација, арбитража и на други начини на вонсудско решавање на потрошувачки спорови согласно со посебни прописи.

Меродавно право и надлежен суд:

Член 40

(1) Овие „Општи услови“ се направени во согласност со прописите за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, Законот за заштита на лични податоци, Законот за облигациони односи и други прописи на Република Северна Македонија.

(2) Продавачот и купувачот ќе се обидат да ги решат сите спорови по пат на заеднички договор, а ако не успеат во тоа, ги договараат надлежностите на Судот во Скопје,

Начин и јазик на комуникација

Член 41

(1) Комуникацијата за време на траењето на договорниот однос, усно и писмено, што вклучува употреба на електронски средства за комуникација. се одвива на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Република Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици. 

VI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 42

(1) Во однос на личните податоци на потрошувачот, Трговецот е должен да ги заштити личните податоци на потрошувачот и да ги почитува обврските што произлегуваат од законските прописи за заштита на лични податоци.

(2) За сѐ што не е регулрано со овој Правилник, соодветно ќе се применуваат одредбите од Законот за заштита на потрошувачите, Законот за трговија и останатите позитивни законски и подзаконски одредби.

(3) Овој Правилник може да се менува и дополнува на начин и постапка, како и за неговото донесување. 

(4) Правилникот стапува на сила и ќе се применува сметано од денот на неговото донесување.

СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје

Управител: Ирина Угринова Слабева