Dormeo ХОО ХОО Бувчиња со чувства
Dormeo Хоо-Хоо Бувчињата со чувства се 3во1 подарок за секого, мал или возрасен, кој не се плаши да ги прифати своите чувства. Секој був може да се користи како прекрасна мека играчка или перница и заедно со мекото ќебе, секогаш ќе бидете подготвени за гушкање, спиење или игра, каде и да сте. Изберете една од четирите чувства и дизајни.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Dormeo Хоо-Хоо Бувчињата со чувства се 3во1 подарок за секого, мал или возрасен, кој не се плаши да ги прифати своите чувства. Секој був може да се користи како прекрасна мека играчка или перница и заедно со мекото ќебе, секогаш ќе бидете подготвени за гушкање, спиење или игра, каде и да сте. Изберете една од четирите чувства и дизајни.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Хоо-Хоо бувче за секое расположение
Паметен був кој знае дека прифаќањето на вашите чувства и чувствата на тие околу вас е основа за среќна врска и поздрав, поуспешен живот. Сега вие или некој ваш сакан може да ги прегрне чувствата со 3во1 Dormeo Хоо-Хоо Бувчињата со чувства. Був, играчка, ќебе и перница, за удобност и забава каде и да сте.
Три практични намени во едно забавно пакување
Сетот има 3 во 1 намени кои го прават идеален подарок и другарче за патување. Бувот е:
- Прекрасна, мека играчка, познато лице и сакан другар.
- Перница за дремки или кога е потребна дополнителна удобност, во автомобил или на пикник.
- Меко ќебенце, кое е пријатно за држење и ве топли. Идеално за користење додека вашето малечко спие или секаде каде што ви е потребна удовноста од домот во шармантно издание.
Ќебето е со димензија 130x180см. а секој був е околу 26см висок. И ќебето и бувот се перат во машина за алишта, со цел да ги одржувате свежи и прекрасни по долги години пријателство со вашето дете.
Учиме за чувствата со пријател
Како што децата учат за светот, тие треба да ги разберат и чувствата и како успешно да се справат со нив. Dormeo Бувчињата со чувства им помагаат да го истражат светот и да се чувствуваат безбедно, на забавен начин. Запознајте ги нивните (и вашите) нови пријатели Dormeo Бувчињата со чувства.
-
YUPPI-HOO
Yuppi-Hoo секогаш има свет полн со прекрасни работи и искуства кои чекаат да бидат откриени. Yuppi-Hoo има пешкир што брзо апсорбира вода и многу брзо се суши. Заедно ќе ја откриете магијата во работите околу вас и ќе откриете дека светот е полн со неочекувани убавини.
Виножитото е симбол на надеж, среќа и успех, а исто така претставува цела низа различни емоции. Иако секоја боја е различна емоција, тие заедно создаваат живописен и забавен свет полн со разновидност и оптимизам.
-
DULLY-HOO
Dully-Hoo ќе ве научи дека на сите понекогаш ни е досадно, но ова расположение има и добра страна бидејќи ја поттикнува креативноста и имагинацијата. Кога ви е здодевно, влезете во вашите мисли и сонувајте заедно за сите работи што ги сакате. Dully-Hoo има пешкир што апсорбира вода побрзо и многу брзо се суши.
Иако темно сивата често се смета за неутрална и досадна боја, таа е исто така силна, смирувачка и избалансирана мешавина од бело и црно. Во комбинација со потемна, црна боја, станува драматично и мистериозно.
-
SHOO-SHOO
Shoo-Shoo е многу храбар був. Ќе ви помогне да се справите со стравовите а особено е храбар кога станува збор за лошите соништа. Држете го Shoo-Shoo во рацете во текот на ноќта и ако имате кошмари, тој ќе направи »бууу« и ќе ги избрка лошите соништа.
Shoo-Shoo ќе ве штити и ќе ве чува.
-
YUU-HUU
Yuu-Huu е среќен був. Го гледа доброто во сè и неговата позитивност ќе се пренесе на вас.Yuu-Huu ќе ве натера да го гледата доброто околу вас... денес беше сончево, нели? Woohoo! Дали се насмеавте барем 5 пати? Woohoo!
Yuu-Huu ќе ви помогне да ги затворите очите и да го видите светот исполнет со работи за кои треба да сме среќни.
-
LOONY-COO
Loony-Coo е був кој секогаш е подготвен за забава. Ќе направи никогаш да не ви биде досадно. Ќе ги покани откачените и забавни соништа, па никогаш нема да ја изгубите фантазијата и секогаш ќе се будите со насмевка. Loony-Coo и откачените соништа се тука за вас!
Loony-Coo ќе ве потсети дека никогаш не треба да ја изгубите искрата од детските лудории и дека животот секогаш треба да биде откачен!
-
BLU-BLU
Blu-Blu ќе ве научи дека понекогаш има зошто да бидеме тажни и тоа е во ред. Зборувајте со Blu-Blu за сè што ве растажило, вашиот умен пријатели знае дека споделувањето на тагата помага. Потоа, бувчето ќе ги сподели најмеките прегратки за да сфатиш дека и најтажните моменти ќе поминат.
-
LOVE-YOU
Love-You знае дека нема подобро чувство од чувството на љубовта и дека никогаш нема да биде доволна. Ќе ве научи дека многу е важно да давате љубов, охрабрувајќи ве да научите за добрина и емпатија.
Со Love-You секогаш ќе бидете сигурни дека сте сакани.
-
GRU-GRU
Gru-Gru ќе ве научи дека понекогаш е ОК да бидете лути. Не треба да ве совладаат емоциите, така што кога нареден пат нешто ве вознемири, можете да му кажете на Gru-Gru за тоа. Земете го во рацете и извикајте нервозно »гррррррр« сè додека не се чувствувате подобро.
Gru-Gru ќе ви помогне да го искажете бесот на поздрав начин.
Предностите на емоционалното здравје
Истражувањата покажуваат дека емоционалното здравје може да помогне во водење на посреќен и поисполнет живот. Луѓето кои се справуваат со чувствата имаат:
- посреќни и постабилни врски.
- поголема самодоверба и повеќе позитивни чувства за себе и за светот.
- подобри резултати на училиште и на работа.
- помалку проблеми со однесувањето.
- подобро внимание и фокус.
Ефектот кој го имаат боите врз децата
Боите влијаат на функционалноста на телото, умот и емоциите. Истражувањата ги покажуваат предностите кои боите ги имаат на развивањето на мозокот, креативноста, продуктивноста и учењето. Ефектите на боите може да варираат: предизвикувајќи возбуда, смиреност, инспирација, анксиозност или тензија или мир. Овие ефекти може да се надгледуваат подетално кај децата, бидејќи врските во мозкот не се целосни додека детето не наполни 5 или 6 години.
Погледнете подолу кои ефекти можете да ги очекувате ако вашето дете е опкружено со боите на Dormeo Бувчињата со чувства.
ЖОЛТАТА е највеселата боја. Преставува знаење и добрина, емитува топлина, радост, ентузијаза, забава и инспирација. Жолтата е релативно светла боја и како таква има освежувачки ефект.
Благодарение на фактот дека оваа боја влијае на меморијата, мотивацијата и вниманието, се препорачува да се користи во детските соби. Сепак, нејзиниот интензитет може да предизвика напнатост и гнев.
РОЗЕВАТА боја има позитивно влијание. Нè опушта, релаксира и топли. Психолошки, таа е јака боја. Претставува континиутитет на живите суштества како и женственост..
Обидете се да не користите премногу розева боја бидејќи може да биде заморувачка. Во собите на срамежливи и интровертни деца може да доведе до дополнително повлекување. Сепак во послаби тонови, предизвикува топлина и мир.
СИНАТА боја има студена и утешителна природа и може да се користи со активни деца поради нејзиниот ефект на смирување. Ја намалува температурата на телото, крвниот притисок и пулсот и предизвикува чувства на задоволство, пространост и удобност.
Се препорачува да се користи во детските соби, особено за бебиња. Употребата на оваа боја им помага на бебињата лесно и мирно да заспијат.
Чистата СИВА е единствената боја која нема директни психолошки карактеристики. Студена е, неутрална и балансирана боја но без емоции. Често се поврзува со значење на досадно, нечисто како и формално, конзервативно и софистицирано.
Сивата е стабилна боја која создава чувство на смиреност и прибраност, олеснување од хаотичниот свет. Безвременска и практична боја.
ЦРВЕНАТА е најдоминантна од сите бои има ефект на стимулација на визуелните активности. Црвената боја гo привлекува целото внимание.
Црвената боја на ѕидовите на детската соба, треба да се избегнува, бидејќи децата можат да се почувствуваат агресивни.
ВИОЛЕТОВА во различни нијанси, симболизира елеганција, но некогаш некои нијанси можат да бидат вознемирувачки. Оваа боја го стимулира делот од мозокот на креативност. Во изто време има и смирувачки ефект.
Виолетовата боја може да се употреби во собите на деца од предшколска возраст исто така и за тинејџерките за да ја поттикне нивната креативност и академски вештини.
Кажете здраво на Dormeo Mini Бувчињата со емоции
Секое од 3во1 бувчињата има своја мини верзија висока 16см, која е шармантна и мека играчка, доволно мала да ја понесете секаде и секогаш е подготвена за прегратка. Нели се преслатки?
<-
Mini Blu-Blu и Loony-Coo заедно на лулашка.
-
Mini Yuu-Huu и Shoo-Shoo го истражуваат светот.
-
Love-You и Gru-Gru учат нови трикови.
- Технички карактеристики
-
Димензија Ќебе: 130x180 cm; Бувче: В - 33 cm, Ш - 27 cm Дормео линија Trends Дормео програма дневна соба Материјал 100% polyester