Air+ Smart Перница
Air+ Smart перницата е со наградуваната Octaspring® технологија и е дизајнирана да се прилагоди на сите положби на спиење. 2 во 1 дизајн, класична и анатомска страна. Висината на перницата можете индивидуално да ја регулирате. Совршено одговара за сите положби за спиење. Навлаката се пере на 40℃. Димензии на перницата: 40X60 см.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Технички карактеристики
- Кратко инфо
-
Air+ Smart перницата е со наградуваната Octaspring® технологија и е дизајнирана да се прилагоди на сите положби на спиење. 2 во 1 дизајн, класична и анатомска страна. Висината на перницата можете индивидуално да ја регулирате. Совршено одговара за сите положби за спиење. Навлаката се пере на 40℃. Димензии на перницата: 40X60 см.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Светска сензација за поудобен сон
Dormeo Air+ Smart - перницата е всушност 2во1 перница со дизајн кој може да се менува и има две различни нивоа на поддршка. Ако сакате поддршка за вратот и ‘рбетот одберете ја анатомската страна со цевката од Октаспринг пена, која има одлична проветреност, а кога сакате да уживате тогаш свртете ја перницата и одберете ја класичната страна со меките микровлакна
Класична страна на перницата за пријатно чувство
Штом легнете на класичната страна на перницата, ќе имате чувство на мекост како кај класичната перница со пердуви. Ова чувство го овозможуваат напредните Wellsleep микровлакна кои се извонредно меки.
Дополнително, тие создаваат подобар проток на воздух и обезбедуваат пријатна средина за спиење.
Перницата има патент, така што лесно можете да ја приспособувате висината според вашите потреби.
Анатомска страна на перницата за подобра поддршка
Изберете ја анатомската страна од перницата со Octaspring® пружина, за да му овозможите анатомска поддршка на вратот и 'рбетот. Octaspring® пружината е изработена од флексибилна пена дизајнирана како саќе, со што обезбедува вистинската поддршка и има слој од мемори пена околу себе за дополнителна удобност.
Одлична за спиење на секоја страна
Без разлика на вашата положба за спиење, со Dormeo Air+ перницата ќе ја најдете вашата совршена комбинација. Перницата може да се превртува бидејќи има класична и анатомска страна, па можете да ја поставите на кој било начин. Ако не знаете како да ја изберете вистинската страна, видете ги предлозите подолу.
-
Класичната страна под вратот и рамената
Спиење на стомак, на страна или комбинирано - со спиење на оваа страна од перницата ќе го намалите притисокот во вратот и помалку ќе го оптоварувате 'рбетот.
-
Анатомската страна под вратот и рамената
Спиење на грб или на страна - со спиење на оваа страна од перницата ќе имате подобра поддршка под вашиот врат ќе му овозможите на 'рбетот правилно поставување.
Единствена напредна технологија за совршен сон
-
Прилагодлива и прозрачна Octaspring® технологија
Octaspring® пружината е изработена од два вида на пена со различни карактеристики дизајнирани во 8 колони за поддршка кои овозможуваат проток на воздух и чиста средина за спиење.
-
Подобрен проток на воздух со AirX систем
Страничните делови на навлаката со AirX систем овозможуваат одличен проток на воздух овозможувајќи свежа и сува средина за спиење.
-
Регулација на температурата со навлаката
Прилагодливоста во навлаката одговара на моменталната телесна температура, со што ќе ве одржува потопло за време на зима и посвежо за време на летото.
Природна мекост
Навлаката на перница Dormeo AIR+ содржи TencelTM Modal влакна - даваат природна мекост на кожата.
Покрај тоа, навлаката е збогатена и со CleanEffect® третман со што ја прави перницата антибактериска, антиалергена, заштитена од мириси и прашина.
Навлаката може да се пере на 40°C. Отстранете ја Octaspring® пружината пред перење.
-
- Технички карактеристики
-
Дормео линија Harmony Дормео програма спиење